Знае да вози авион, но не може да се сети на својот сопруг

Ако ја запознаете Лони Сју Џонсон, таа без сомнение ќе знае да ви каже како се вози авион, но и покрај тоа, таа нема никакви сеќавања на својот брак. Имено, во 2007 година на Лони и е дијагностициран облик на енцефалитис, болест заради која таа ги изгубила хипокампусот, голем дел од мозочната кора и други делови од мозокот. Иако нејзината способност за разбирање ја преживеала болеста, голем дел од нејзината меморија не си поминал толку добро. Сега таа има тежок вид на амнезија, заради која страдал голем дел од нејзиниот живот, како и цела деценија помината во брак со сопругот.
Таа и покрај ова пројавува неверојатни таленти, како на пример, способноста да се сети на одредени факти и покрај изгубениот дел од мозокот. Со ваквата состојба, таа многу им помага на научниците во намерата да откријат некои од најголемите мистерии поврзани со меморијата и човечката свест. Испитувани се посебни делови од нејзиниот мозок, и резултатите од истражувањето се неверојатни: Иако пред болеста била музичар-аматер, таа сега со огромна брзина успеа да научи сосема нови мелодии, и да ги усоврши за кратко време иако за нив се потребни години вежбање. Така, тимот научници ја научил како се управува авион. Тестирањето на нејзиното знаење покажало дека таа за многу кратко време научила се, и иако нејзиното знаење не може да се спореди со она на експертите, таа сепак покажала многу подобри резултати од другите аматери што биле тестирани, и кои немале мозочни болести.
Се чини дека колку подлабоко продираме во мистериите на човечкиот ум, толку повеќе дознаваме дека тој е способен да чува многу повеќе информации отколку што претхоно се мислело.
 
Имено, во 2007 година на Лони и е дијагностициран облик на енцефалитис, болест заради која таа ги изгубила хипокампусот, голем дел од мозочната кор

Пронајдете не на следниве мрежи: