ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ! Природни лекови за изгореници од сонце!

Доколку за време на сончањето, малку сте се заборавиле и сте заработиле изгореници на кожата, овие природни намирници, веднаш ќе ви помогнат!Освен што ви се веднаш достапни, овие намирници се многу ефикасни за санирање на оштетувањата на кожата од изгорениците.
Овесна каша
Направете освежувачка купка во када, па во водатат додадете две до три шолји мелена овесна каша и добро измешајте. Почекајте 10 минути, па легнете во кадата и уживајте 20 минути. По купката измијте ја кожата со ладна вода. Тоа ќе ја смири иритацијата на кожата.
Домати
Антиоксидансите кои ги содржи доматот, се добра превенција против инфекции на површината на кожата, која е оштетена од сонце. Извадете домат од фрижидер, излупете му ја кората и избледнирајте го. Смесата додека е уште ладна, нанесете ја на опекотините и оставете да отстои половина час. Потоа отстранете ја со влажна крпа.
Краставици
Сите добро знаеме дека маската од краставици е добра за сува кожа. Тие се одлично решение за опекотини од сонце. Ладна краставица исечете на кругови, а потоа распоредете ги на изгорената кожа. Нека отстојат 15-20 минути, а потоа повторете ја постапката.

Јогурт
Ова е добро позната метода за санирање на опекотините од сонце, бидејќи ги ублажува симптомите на пецкање. Мачкајте ги критичните зони со дебел слој ладен јогурт. Држете 15 минути, па измијте се со ладна вода.
Компир
Компирот е познат како природен лек за извлекување на температура. Овој зеленчук исто така делува и како природен аналгетик, односно природно средство против боли. Излупете компир и исечете тенки кришки и ставете на изгорените места. Покријте со тенок чаршав и оставете да отстои 20 минути.Освен што ви се веднаш достапни, овие намирници се многу ефикасни за санирање на оштетувањата на кожата од изгорениците.
Овесна каш

Пронајдете не на следниве мрежи: