Италијанскиот свештеник Нино Ноулс го навлече на себе бесот на јавноста затоа што одбил да причести едно детенце кое било аутистично.На 10-годишната Ромети ѝ било забрането да се причести во текот на службата во локалната црква во Месина, Сицилија, затоа што боледува од аутизам.
Отецот Нино Ноулс им рекол на родителите на детето, дека нивната ќерка не е во можност да ја разбере важноста на овој свет чин и дека треба да почекаат додека таа не би можела да разбере.
„Моето дете не може туку така да се опорави. Ќе биде потребно чудо да би била како другите деца“, рекла Марија, мајката на Ромети.
Италијанскиот секретар за образование Давид Фараоне го обвини свештеникот за незнаење и дискриминација и целиот случај го подели со сите на Фејсбук. Фараоне, кој и сам има аутистична ќерка, напомена дека вакви работи премногу често се случуваат во италијанската католичка црква.
Отецот Ноулс и порано бил на мета на критичарите затоа што во црквата стави слика од поранешниот претседател Салваторе Тото Куфара, иако тој бил во затвор поради помагање на мафијата.На 10-годишната Ромети ѝ било забрането да се причести во текот на службата во локалната црква во Месина, Сицилија, затоа што боледува од аутизам.