Кога НЕ СМЕЕТЕ да ја употребувате КУРКУМАТА како ЛЕК?!

Често се претпоставува дека доколку е нешто природно, не може да предизвика никакви нус појави, а особено не куркумата. Куркумата е трет најопасен зачин, бидејќи има бројни здравствени предности има единствена арома и може да се користи како боја.Меѓутоа, куркумата може да предизвика бројни нуспојави кои вклучуваат вртоглавица, мачнина, пролив и болки во стомакот. Постојат одредени групи луѓе кои би требало да ја избегнуваат куркумата како лек.
Проблеми со варењето
Според Универзитетот во Мериленд Медицинскиот центар, куркумата може да им пречи на  антацид лековите, а може да доведе до зголемување на киселината во желудникот, во случај кога е во комбинација со антацид лекови како што се Pepcid, Nexium, Tagamet, Zantac или Prevacid.
Куркумата содржи некои супстанци, кои после подолго консумирање може да предизвикаат стомачни пореметувања.
Разредување на крвта
Куркумата, исто така, може да го забави згрутчувањето на крвта, ова е потврдено од страна на Националниот институт за здравство. Затоа, не треба да користите куркума со антикоагуланси или антитромбоцитни лекови.
Лековите кои дејствуваат на коагулацијата на крвта и не треба да бидат зимани заедно со куркума се: ибупрофен (Advil, Motrin, итн), аспирин, напроксен (Anaprox, Naprosyn, итн), варфарин (Coumadin) и други.
Со оглед на фактот дека може да го забави згрутчувањето на крвта, треба да избегнувате куркума ако земате хербални додатоци кои го забавуваат згрутчувањето, како што се гинко, лук, врба, ѓумбир, каранфилче.
Покрај тоа, поради овие особини  на куркумата, не смеете да ја консумирате најмалку неколку недели пред операција.
Бременост и доење
Куркумата е веројатно безбедна да се зема во текот на бременоста и доењето, ако се зема во умерени количини, и многу малку. Иако ПРЕПОРАКА е да се избегнува куркума во текот на бременоста и доењето. Неизвесно е земање куркума во поголеми количини, бидејќи тоа може да ја загрози бременоста, исто така, може да ја стимулира матката и да предизвика проблеми со менструалниот циклус.

 
Проблеми со жолчниот меур
Куркумата може да ги влоши проблемите со жолчното кесе, па затоа треба да се избегне ако имате проблеми со жолчното кесе и жолчните камења.
Луѓето кои земаат одредени лекови исто така треба да ја користат куркумата  со внимание, затоа што знаеме дека може да им пречи на антикоалугансите  како варфарин, аспирин и клопидогрел.
Покрај тоа, куркумата, исто така, може да интерферира со лекови кои се анти-инфламаторни или нестероидни. Исто така, треба внимателно да се комбинира со лекови на база на билки.
Пациенти со опструкција на билијарниот тракт
И покрај фактот дека куркуминот пронајден во куркумата успешно го празни жолчното кесе, го намалува ризикот од создавање  камен и рак на жолчното кесе, пациентите со опструкции на билијарниот тракт се препорачува да го избегнуваат овој зачин.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и сл. можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКМеѓутоа, куркумата може да предизвика бројни нуспојави кои вклучуваат вртоглавица, мачнина, пролив и болки во стомакот. Постојат одредени групи луѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: