Докторката Ерин Гилбер, тврди дека луѓето не се грижат доволно за својата кожа, и поради тоа настанува рано стареење!Како дерматолог, докторката Гилбер гледа секакви „луди“ работи кои луѓето ги прават на кожата. Но четири работи, особено ја излудуваат.
На прво место е човечката „грубост“ кон кожата.
„Тоа значи дека луѓето користат груби крпи или четки за лице, бидејќи мислат дека така најдобро се чисти кожата. Но тоа е неправилно! Тоа предизвикува црвенило, воспаленија и ја потемнува кожата,“ говори таа.
На второ место е купувањето на прескапи производи, поготово кога се во прашање младите луѓе.
„Доколку сте млади, и првите производи кои ги ставате на лицето се скапи анти ејџ креми и лосиони, всушност ќе постигнете контраефект, па вашата кожа ќе остари пред време.
Следат домашните препарати.
„Доколку не се разбирате во билки и разни домашни лекови, најдобро е да не експериментирате. Исто така не користете алкохол за да ја чистите кожата. Тоју може да предизвика големи иритации.“
На четврто место е многу сериозна „навика“, а тоа е дека никој од нас не користи крема со заштитен фактор од сонце.
„Мора да нанесувате таква крема секојдневно. Па дури и кога надвор времето е облачно. Тоа најдобро ја чува кожата“, предупредува докторката.Како дерматолог, докторката Гилбер гледа секакви „луди“ работи кои луѓето ги прават на кожата. Но четири работи, особено ја излудуваат.