Ѝ починал братот: Десет години подоцна добила подарок кој ја скршил…

Братот на Моника, Мики загинал во сообраќајна несреќа кога имал само 5 години. Абри заболела од ретка болест и била потребна итна трансплантација на срцето. Десет години подоцна, Абри, девојката која го носи срцето на Мики, за прв пат се сретнала со неговата сестра Моника.Животот на Абри Ривс висел на конец, додека нејзините родители очајнички очекувале  донор. Абри имала потреба од ново срце, бидејќи поради старото веќе завршила во инвалидска количка бидејќи и останатите органи  почнале полека да ѝ откажуваат.
Истовремено на другиот дел од САД, во трагична несреќа загинал пет-годишниот Мики Салинас. Неговите родители се согласиле срцето на нивниот син да биде донирано и така животот на Абри да биде спасен.

Од тие трагични настани поминале 10 години. Моника го славела својот 15-ти роденден, на кој нејзините родители  ја повикале и Абри. Девојката  им дозволила уште еднаш да слушнат како  чука срцето на Мики.
„Се што сакаше Моника е повторно да слушне како  чука неговото срце. Го доби тој подарок, и двете го добивме. Рече дека ниту еден друг подарок не може да се  спореди со  овој“, додала мајката на Моника, Мелиса Хернандес.

 
„Мики беше многу добро дете. Јас и  тој ја имавме таа една заедничка работа. Ја ставав својата рака на неговото срце, а неговата рака на моето. Му велев: слушаш ли како  чука? Секогаш кога ќе се исплашиш стави ја раката на срцето и протриј го. Тоа мама го прави секој ден кога размислува за тебе. Мики беше душата на нашето семејство“, се присетила неговата мајка која им дозволила на докторите  неговите органи да бидат донирани.
Срцето  го примила Абри, која тогаш имала 8 години. Нејзната мајка вели дека тоа биле најнеизвесните моменти  во нивните животи.

„Абри го прими срцето на Мики. Тоа беше второ кое го прима, бидејќи претходните органи, а пресаден ѝ е и бубрегот, нејзиното  тело ги отфрли. Тоа беа неизвесни 6 месеци  во нашите животи. Но, неговото срце беше совршено и такво и остана до денес“.
Абри денес има 18 години. Доколку би бил жив, Мики би имал 15. Требало да поминат 10 години за семејството на донорот и Абри повторно да се сретнат.Животот на Абри Ривс висел на конец, додека нејзините родители очајнички очекувале  донор. Абри имала потреба од ново срце, бидејќи поради ста

Пронајдете не на следниве мрежи: