Наредното утро, момчето повторно го посети директорот. Директорот забележа солзи во очите на момчето кога го запраша: Може ли да ми кажете што направивте со…Едно момче отишло во голема компанија да се пријави за работа на важна позиција. Ја поминал првата фаза од интервјуто, но од него било побарано да се сретне со директорот заради конечното интервју.
Директорот го погледнал неговото одлично резиме, а потоа го прашал:
-Дали сте примале школарина додека сте се школувале? Момчето одговорило: Не.
-Дали вашиот татко ви ги плати студиите?
-Да. – одговорил тој.
-Каде работи вашиот татко?
-Мојот татко е ковач.
Директорот го замолил да му ги покаже рацете. Момчето покажало пар меки и нежни раце.
-Дали некогаш сте им помагале на своите родители во работата?
-Никогаш, моите родители само сакаа да учам и да читам книги. Освен тоа, татко ми е многу подобар во својата работа од мене.
Директорот тогаш рекол:
-Имам едно барање за вас: Кога ќе си дојдете дома денес, одете и измијте ги рацете на вашиот татко, а изутрина повторно дојдете кај мене.
Момчето имало чувство дека ќе ја добие работата.
Таткото се чувствувал помалку чудно, но и среќно. Затоа му дозволил на синот да му ги измие рацете. Синот му ги измил рацете и за прв пат забележал дека рацете на неговиот татко се збрчкани и полни со лузни. Некои модринки биле толку болнни, што неговите раце трепереле секој пат кога ги допирал.
Тоа бил прв пат младичот да сфати што значи кога пар раце работат секој ден за да може да се плати неговото школување. Модринките на рацете на неговиот татко биле цена за неговото школување и иднина.
Откако му ги измил рацете, младичот во тишина почнал да чисти и да ја средува работилницата на татко му. Таа вечер, тој и неговиот татко разговарале до доцна во ноќта.
Наредното утро, тој повторно го посетил директорот.
Директорот ги забележал солзите во очите и го запрашал:
-Може ли да ми кажете што правевте и што научивте вчера дома?
Тој одговорил:
-Ги измив рацете на татко ми, а потоа му ја исчистив работилницата. Сега знам дека без помошта на родителите немаше да станам тоа што сум денес. Помагајќи му на татко ми, сфатив колку тешко тој работеше поради мене. Сфатив колку е важно и вредно да му се помага на семејството.
Директорот возвратил:
-Тоа го барам кај вработените. Сакам да вработам некого којшто знае да ја цени помошта на другите и којшто не ги става парите на прво место. Примени сте!
Детето кое се гали и пази и на кое му се дава сѐ што ќе посака, обично развива таков менталитет да мисли дека има право на сѐ и секогаш себеси се става на прво место, игнорирајќи ги напорите на своите родители. Таквиот пристап не им помага на децата.
Можете да му дадете на детето големи и скапоцени нешта, но погрижете се да научи и што значи да се чисти под или да се молерисува ѕид. Научете го дека треба да ги измие садовите по оброкот, но не затоа што немате пари да изнајмите некого којшто ќе го стори тоа наместо него, туку затоа што мора да ја сфати вредноста на работата.Едно момче отишло во голема компанија да се пријави за работа на важна позиција. Ја поминал првата фаза од интервјуто, но од него било побарано да



