ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА НИВНИОТ ТАТКО ГИ ИЗНЕНАДИЈА: Откриена голема семејна тајна!

Џесика Фербенкс и нејзиниот брат Брајан не биле во контакт со нивниот татко во последните 17 години. Дури откако завршил во болница, повторно воспоставиле контакт, но само за да им открие долго чувана тајна.Додека престојувал во Германија како војник, нивниот татко направил син. Таа тајна сиот живот ја криел од семејството во САД. Се развел од нивната мајка, а Џесика и Брајан сѐ до последниот момент не знаеле дека имаат полубрат.
„Го прашав тато дали има нешто да ми каже, нешто што смета дека би требало да го знам. Ми откри дека имам брат и успеа да го изговори неговото име. Брајан Ентони Стивен Бекман“ – се присетила Џесика на неговите последни зборови.
Се простила од нејзиниот татко, кој починал во болница. Кога си дошла дома, одлучила да го пронајде полубратот.
„Не можев да верувам. Одлучив да го пронајдам. Објавив статус на Фејсбук, кој се ширеше по интернет. Дури 3.000 луѓе го имаат споделено“ – изјавила Џесика, која веќе вториот ден по објавата на статусот ја контактирале германските новинари. Ѝ ја понудиле својата помош.

За само 40-тина часа подоцна, добила повик од Стивен. Од друга страна, Стивен бил изненаден од сознанието дека има брат и сестра во САД.
„Тоа е неописливо чувство. Разговараме за нашиот татко, мојата мајка, нејзината мајка, моето семејство, нивното семејство. Замислете какво е чувството кога во живот ќе ви се појави личност, ваша сестра, за која никогаш порано немате слушнато“ – вели Стивен.
Брајан, Џесика и Стивен наскоро ќе се сретнат и во живо. По смртта на нивниот татко тие станале ново семејство. Децата ќе се сретнат по цели 36 години, откако се откри големата тајна по смртта на нивниот заеднички татко.

Пронајдете не на следниве мрежи: