ЧИА СЕМЕ: Содржи 7 пати повеќе витамин Ц од портокал

Сигурно поминувајќи низ текстовите за здрав живот и рецепти сте наишле на чудната состојка наречена чиа семе. 
Salvia hispanica, попозната како Chia, е цветно растение кое и припаѓа на фамилијата Lamiaceae (нане). Се верува дека потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна Америка, каде што семето било важен дел од исхраната на Маите и Ацтеките.
Чиа значи сила, а во традицијата на овој народ белите и црни чиа семки се користеле за подигување на енергијата, што има смисла бидејќи се многу богати со омега 3 масни киселини јаглехидрати, протеини, влакна, антиоксиданти и калциум.
Еве листа од 13 причини зошто би требало да го користите чиа семето секој ден.
– Содржи 5 пати повеќе калциум од млекото
– Содржи 7 пати повеќе витамин Ц од портокалот
– Содржи 3 пати повеќе железо од спанаќот
– Содржи 2 пати повеќе калиум од бананите
– Го поттикнува здравјето на кожата, косата и ноктите.
– Овие семки не содржат глутен
– Поради висока концентрација на влакна го подобруваат варењето и ги лечат симптомите на болестите на дигестивниот систем.

 
– Поради 20 отсто омега 3 масни киселини кои ги содржи припаѓа меѓу најдобрите намирници за здравјето на мозокот и срцето. Содржи дури 8 пати повеќе омега 3 масни киселини од лососот.
– Содржи 20 отсто протеини
– Содржи 8 видови амино киселини.
– Имаат позитивно влијание на нивелирање гликоза во крвта и затоа се одлични за дијабетичари
– Чија семето е одлична замена за јајца, само помешајте го со вода за да се направи гел и додадете го во рецептот во замена за јајца
Нутриционистите препорачуваат отприлика една лажичка чиа семе дневно, а додека го користите пијте многу вода бидејќи е богато со влакна, пишува Lifepress magazine. 
Salvia hispanica, попозната како Chia, е цветно растение кое и припаѓа на фамилијата Lamiaceae (нане). Се верува дека потекнува од ј

Пронајдете не на следниве мрежи: