Храна која помага да се ослободите од никотинот во организмот

Никотинот е една од најзависните хемикалии. Сите знаеме дека е штетен по здравјето. Особено е штетен за срцето, крвниот притисок, а може да предизвика и ред други загрозувања на здравјето.Иако има многу забрани и предупредувања за штетноста на никотинот, луѓето сепак пушат цигари. Но, за среќа, постои храна која помага да се ослободите од никотинот кој е наталожен во телото.
Брокула
Брокулата содржи високо ниво на витамини Б5, и Ц. Б витамините се одговорни за регулирање на многу важни процеси во телото. Брокулата ги штити белите дробови од токсини.
Портокал
Портокалот е моќно цитрусно овошје. Портокалот содржи витамин Ц, кој го редуцира стресот и анксиозноста од потребата за цигара.
Спанаќ
Спанаќот содржи фолна киселина и витамин Б9, кои се познати дека го отстрануваат никотинот од телото.  Фолната киселина исто така е клучна за благосостојбата на целиот организам.

Ѓумбир
Ѓумбирот овозможува да се ослободите од несаканите симптоми предизвикани од никотинот. Тој ги намалува токсините во крвта.
Лимон
Лимонот е уште едно моќно оружје, кое го убива никотинот. Витаминот Ц кој е најзастапен во лимонот, моќно се бори против несаканите ефекти кои ги предизвикува никотинот.
Морков
Морковите содржат витамини А, Ц и К, кои се грижат за оштетените нервни клетки, циркулацијата и мозочната функција.
Калинка
Пушењето го зголемува срцебиењето, крвниот притисок и го намалува нивото на кислород во крвниот систем. Калинката ја подобрува циркулацијата и помага во создавањето на повеќе црвени крвни клетки.Иако има многу забрани и предупредувања за штетноста на никотинот, луѓето сепак пушат цигари. Но, за среќа, постои храна која помага да се ослободи

Пронајдете не на следниве мрежи: