За каква болест би можело да се работи не знаат ни докторите. Се започнало во 2013 година кога крвта почнала да ѝ тече од очите. Сега тоа се проширило и на ушите, јазикот, носот, врвовите на прстите и корените на косата.Специјалисти од сите гранки на медицината никако не можат да сфатат за каква болест би можело да се работи кај 17- годишната Марни Харвеј од Велика Британија. Таа страда од мистериозна состојба во која пет пати дневно густа крв ѝ излегува од очите, ушите, носот, јазикот, врвовите на прстите и од корените на косата. Се почнало во 2013 година кога крвта почнала да ѝ тече од очите. Тоа продолжило секој ден и се проширило на другите делови од телото. Сега е толку исцрпена што едвај излегува од дома. Одлучила својата приказна да ја сподели со јавноста бидејќи очајнички се надева дека ќе се најде некој кој би можел да помогне тоа да престане.
Била на многу истражувања, но нема одговор. Докторите на почетокот ја советувале да ја промени исхраната, да ги исфрли млечни производи па шеќерот, пченицата, чоколадото, но и понатаму ништо не се менувало. Ја тестирале на многу болести па дури и на тумор на мозок, но резултатите биле добри. Сепак, нејзе ѝ било се полошо. Минатата година во јули се разбудила, а перницата била крвава. Преплашено истрчала од собата тресејќи се од страв. Почнала да крвави од носот и под ноктите, а последните неколку недели крв ѝ излегува и од јазикот и влакната. Докторите ја нарекуваат „мистериозна девојка“.
„Крвави солзи излегуваа од моето десно око. Имав крв по целото лице и чувствував остра болка зад очите. Се чувствував како да пропаѓам. Моите родители, братот и сестра ми почнаа да врескаат откако ме видоа“, се присетува Марни како изгледало тоа првиот пат.
Пред тоа нагло почнала да се чувствува лошо и искашлувала крв. Била на снимање на белите дробови, но се било во ред. Со текот на времето почнала да страда и од силна мингрена поради што заостанувала на училиште со недели. Само лежела во својата соба во мрак и чекала да ѝ биде подобро. Итната помош неколку пати ја носела во болница, но брзо се враќале бидејќи не знаат што ѝ е.
„Порано секој ден излегував со пријателите, а сега страв ми е да излезам од дома. Крварам пет пати на ден и се чувствувам како животот да ми е на чекање. Порано, додека крвта ми течеше само од очите, можев тоа некако да го прекријам со очила за сонце, но не можам повеќе“, раскажува девојката и додава дека секој ден открива модринки по цело тело кои се болни на допир и набубрени.Специјалисти од сите гранки на медицината никако не можат да сфатат за каква болест би можело да
Пронајдете не на следниве мрежи:



