На 13 јули 2005 година, полицискиот службеник Марк Холст од Флорида добил повик што доживотно ќе го памети. Соседот рекол дека гледа таинствена, бледа девојка на скршен прозорец од соседната куќа.Куќата била населена веќе 3 години, но се чинело дека соседите немаат деца. Затоа, соседот се плашел родителите да не ги злоставуваат своите деца, па повикал полиција откако видел лице на мало девојче.
Полицаецот тропнал на врата, а откако влегол во куќата видел животински измет, храна и пајажина што виси од таванот.
Тогаш, здогледал малечко 6-годишно девојче, напола изгладнето и голо. Носело пелени што со денови не биле сменети.
„Кога влегов во собата, ме погледна со големите очи. Устата ѝ се отвори, а тогаш се помести на страна, како рак. Ги собра колената и ги прегрна со рацете. Испушташе необични звуци“ – изјавил полицискиот службеник.
Девојчето се вика Дејниел и веднаш беше однесено во болница. Нејзината состојба била грозна и се однесувала како 6-месечно бебе. Сиот живот го поминала без љубов и прегратка.
Нејзината мајка била 26 часа во затвор, добила 2 години домашен притвор и 3 години условна казна. Веднаш ѝ го одзеле детето.
Дејниел добила нови родители кои за првпат ѝ покажале што значи да се биде сакан.
„Таа има седум до осум напади на бес дневно. Секогаш се грижи за храна. Често јаде додека не поврати“ – изјавил Берни, човекот којшто ја посвоил.
Но, без оглед на страшното детство, Дејниел се чувствува подобро во новиот дом. Денес има 15 години, сака да оди на училиште и многу е врзана за новото семејство. Секој ден прави мали чекори кон растењето и нејзината нова мајка се надева дека еден ден ќе може да живее самостојно како и сите останати луѓе.
Погледнете го видеото:
Куќата била населена веќе 3 години, но се чинело дека соседите немаат деца. Затоа, соседот се плашел родителите да не ги злоставуваат своите деца,



