Докторите не можеле да поверуваат КАКВИ близнаци родила оваа мајка!

И покрај фактот што мајка од Виетнам родила близнаци, тие биле толку различни, што дури и родителите се посомневале дека двете момчиња се браќа.Сепак, на крај се испоставило дека тие се браќа, но дека имаат различни татковци.
По две години, децата биле однесени на ДНК тестирање, откако нивните родители забележале дека едниот има рамна, а другиот кадрава коса и дека премногу се разликуваат, дури и за двојајчани близнаци.
Тие во почетокот се посомневале дека во болницата дошло до замена на бебињата, но се испоставило дека близнаците имаат гени од иста мајка, но различни татковци.
Сопругот на мајката е татко на едниот од близнаците, но вториот е зачнат во однос со љубовникот, што е прв таков случај во Виетнам.
Ваков вид на оплодување се нарекува суперфукундација и подразбира дека се оплодени две јајце-клетки или повеќе нив во ист циклус со сперма која по потекло е од два или повеќе одделни сексуални односи. Досега се забележани дури десетина такви случаи во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: