Контроверзен онколог ГО ЗГРОЗИ СВЕТОТ: Ракот е добра смрт и неговото лекување е губење време!

Кога целосно би се искоренил ракот, должината на животот малку би се продолжила, а лекот нема да биде најден. Затоа е глупаво да се фрлаат пари. Подобро е тие да се насочат во друг правец, смета угледниот американски онколог којшто има освоено „Пулицерова награда за дело“ за историјатот наменет за ракот „The Emperor of Maladies“, Сидарта Мухерџи.-Лично, не донирам пари за пронаоѓање лек за рак, а причините се бројни: никогаш нема да го излекуваме ракот, премногу пари се трошат на такви истражувања и третмани. Ракот е подобра смрт од бројни други, а целата замисла за лекување на ракот е всушност застрашувачка утопија која се обидува да ги усоврши луѓето – смета овој онколог.
Тој тврди дека ракот е вткаен во човечкиот геном, тој е грешка во развојот и стреењето на нашите клетки и дека од него можеме да се ослободиме единствено ако ги елиминираме сите физиолошки процеси за раст во телото – од стареењето до регенерацијата, лекувањето и репродукцијата.
-Ако се излекуваме од рак, ќе се излекуваме од тоа дека сме луѓе – вели Мухерџи и истакнува дека постојат разни видови на рак и дека треба да се внимава да не се ставаат сите дијагнози во ист кош, иако причината за процесот на неконтролираниот раст на клетките е секогаш иста.

Луѓето умираат на четири начини
Човечкиот род умира на четири главни начини – ненадејна смрт, смрт при деменција и стареење, смрт при откажување на органите и рак, а според овој доктор „последната опција е дефинтивно најдобра“.
-Многумина би рекле дека ненадејната смрт е најдобра, но од моето богато искуство ќе ви речам дека не е. Не за оној кој починал, туку за блиските кои не стигнале ниту да се подготват, ниту пак да се простат – истакнува онокологот и додава дека ракот некогаш бил „добра смрт, а сега почнува да личи на смрт при деменција и бавно мачење.“
-Забораваме, или нѝ е можеби тешко да прифатиме дека ракот е генерално болест на старите луѓе и дека со неговото лекување човечкиот живот само малку е продолжен. Поради тоа, апелирам до сите да ги насочиме парите кон тоа да им се помага на младите и да го подобриме квалитетот на нивниот живот – вели американскиот доктор со хинду потекло.-Лично, не донирам пари за пронаоѓање лек за рак, а причините се бројни: никогаш нема да го излекуваме ракот, премногу пари се трошат на такви истр

Пронајдете не на следниве мрежи: