Ако не се покриено со омилениот кармин, усните може да не предупредуваат за нашата здравствена состојба.Ова се симптоми на кои би требало да обратите внимание, следниот пат кога ќе се погледнете во огледало.
Суви и испукани
Веројатно сте дехидрирани. Затоа, наместо да ставате уште еден слој балзам, земете чаша вода и нападнете го проблемот од внатре.
Во случај да често ги лижете усните, пробајте да се одвикнете од оваа навика, бидејќи може да ги исуши усните и да доведе до нивно пукање.
Усни испукани на краевите
Можно е да имате габична инфекција. Ако се лигавете додека спиете или носите протеза, бактериите може да се појават околу усните и да предизвикаат инфекција. Во прашање е проблем кој лесно се решава со посета на доктор, кој ќе ви даде лекови против габични инфекции.
Промена на бојата
Скриените проблеми можат да бидат безопасни, но и крајно сериозни. Ако имате промена на бојата на усните, веднаш посетете доктор.
Оток
Отечените усни може да бидат резултат на алергиски реакции. Ако ви е подуен јазикот, ви горат усните, ве чеша грлото или имате пликови на кожата, веднаш побарајте медицинска помош.
Бледило
Недоволната изложеност на сончеви зраци, може да биде виновник за бледите усни. Искористете го тоа како изговор за долга прошетка по сонце. Меѓутоа, може да биде и знак за слабокрвност. Посетете доктор.
Мекост
Ако усните ви се чувствителни на допир и малку црвени на рабовите, може да сте алергични на паста за заби или кармин. Престанете со употреба на тие производи.
Грозница
Во прашање е херпес. Луѓето обично чувствуваат благо скокоткање пред појавувањето на грозница и со самото тоа имате доволно време да почнете со лекување.
Па, како треба да изгледаат здравите усни?
Усните треба да бидат розеви, меки и мазни. Ако имате здрави усни и сакате да останат такви, пијте многу вода и негувајте ги со балзам и хидратантни креми.Ова се симптоми на кои би требало да обратите внимание, следниот пат кога ќе се погледнете во огледало.
Суви и испукани



