Додека калливи и уморни седеле во парковите, мигрантите од Сирија ја фалат гостопримливоста на земјите каде наместо пендрак добиле- рака за спас. Децата кои останале во Сирија ги снашла полоша судбина.Брак за „помош“
Невладините организации се трудат да им помогнат на децата на сириските бегалци кои се изгубиле по земјите во потрага за подобар живот, а наишле на нови незгоди. Ло Либан постои морничава пракса во која девојчињата, постари од 12 години продаваат сексуални услуги за да ги прехранат семејствата.
Некои девојчиња се присилени на бракови од „задволство“ кои траат само неколку дена и се склопуваат само поради првата брачна ноќ.
Првата поплава на овие бракови привлекла мажи од други земји кои ја искористуваат бедата на овие очајни девојки кои се надеваат дека бракот би можел да ги спаси, само за да сфатат дека се измамени.
Во еден случај хуманитарните работници забележале дека девојче било оставено после недела дена брак, а едно 15 годишно девојче било толку злоставувано што после месец дена била префрлена во прифатилиште.
Крв на детските раце
Самер (11) и неговиот брат Мухамед (10) би требало да се на часови. Наместо тоа тие работат смени од по 12 часа како механичари за да можат да му помогнат на семејството за да преживее.
Останатите деца како во чопор одат по полињата или собираат ѓубре од улица. Малиот Мухамед се уште е многу мал за да го дофати алатот од полица, но семејството без него би умрело од глад. Дете од 10 години ја стега вилицата и изговара- немам избор, татко ми е мртов.
Амал (11) и Ровајда (9) копаат и берат зеленчук во полињата. Ги издржуваат семејствата и се жалат дека ги боли грбот бидејќи долго време се свиткани.
Абед (15) веќе три години работи смени од 14 часа собирајќи ѓубре. Без него нема да јадат. Видот му слабее и знае дека без операција може и да ослепе. Нема пари за тоа, наместо тоа колку што може. Собира ѓубре за ситни пари за да може да преживее.
Улиците се како гробишта
Амина (38) работи како механичарка во Бејрут. Самер и Мухамед се нејзини деца. Некогаш живеела во Сирија, сега преживува во Либан.
„Немавме друг избор, моравме да одиме. По цел ден си на нишан, снајпери убиваат луѓе, а убиените лежат на улица. Жените не смеат да излезат. Бевме преплашени. Мразам што децата ги праќам да работат наместо во школо, но во спротивно би умреле од глад“, открива жената.Брак за „помош“
Невладините организации се трудат да им помогнат на децата на сириските бегалци кои се и



