Кога медицинската сестра од Брзата помош по име Џенифер Медина погледнала во возачката дозвола на пациентот, за да го идентификува, го видела лицето на сопствениот брат на фотографијата…Пред неколку дена за оваа жена се оствари сценарио од ноќен кошмар кога сфатила дека жртва на несреќата која се обидувале да ја спасат е токму нејзиниот брат.
Цесар Андрес „Анди“ Медина (23) починал откако несовесен возач го удрил во петокот додека бил на својот скирол и додека преминувал улица на пешачки премин во Калифорнија.
Деветнаесет годишниот возач побегнал од местото на несреќата а полицијата го фатила после потерата.
Анди по несреќата е префрлен во болница во регионалниот медицински центар Mission, каде работи неговата сестра.
Џенифер Медина вели дека работела со колегите помагајќи им околу пациентите, кога одеднаш слушнала дека е примено момче во „многу лоша состојба“….
Бидејќи не му го знаеле идентитетот на медицинската сестра и рекле да погледне во паричникот и да види дали има некакви документи за идентификација. А тогаш за Џенифер следел вистински шок.
– Кога го погледнав паричникот, ми изгледаше познато, а потоа го отворив и го видов лицето на мојот брат на возачката дозвола…
За сестрата ова бил момент кој ја скршил.
– Само знаев дека сакам да му кажам последно збогум на Анди и да му кажам колку го сакам. Тој имаше толку планови за иднината, а сега веќе не е со нас.
Докторите и покрај сите напори, не успеаја да го зачуваат животот на Анди Медина. Пред неколку дена за оваа жена се оствари сценарио од ноќен кошмар кога сфатила дека жртва на несреќата која се обидувале да ја спасат е токму нејз



