Медицинската сетра водела уморен маж до креветот во одделението за итна медицина. „Вашиот син е овде“, му рекла на стариот човек . Mорала повеќе пати да го повтори тоа пред конечно човекот да ги овори очите. Под тешки седативи поради срцевиот удат, низ магла го видел униформираниот маж. Ја кренал раката, мажот гистиснал неговите онемоштени прсти. Тоа било стисок на љубов и охрабрување.
Сестрата го привлекла столчето за мажот да може да седне. Цела ноќ, седел во слабо осветлената соба и му шепкал.
Од време на време, сестрата се обидувала да го наговори мажот малку да се одмори. Не сакал. Секој пат кога сестрата доаѓала на оделот забележувала дека мжот не е свесен за звуците околу себе- тропкање на боцата со кислород, одалеченото смеење на дежурниот персонал, воздишките на другите пациенти… Повремено го слушала како на стаецот му кажува нежни зборови. Таткото не му кажал ни збор на синот. Само го стискал за раката.
Некаде пред зората, таткото починал. Синот ја пуштил раката и отишол да ѝ каже на сестрата. Додека сестрата ја вршла својата работа, тој чекал. Конечно, се вратила и кога сакала да му изрази сочувство, мажот ја прекинал.
„Можете ли да ми кажете кој беше овој човек?“
Сестрата застанала на момент- „па, вашиот татко“.
„Не, не ми е татко. Прв пат во живот го гледам“, рекол.
„Па зошто не рековте ништо кога ве одведов кај него“, прашала сестрата.
„Веднаш знаев дека дошло до грешка. Но исто така знаев дека на тој човек му беше потребен синот, а него го немаше. Кога сфатив дека е премногу болен и дека не може да ме препознае, останав. Знаев дека му требам. Јас дојдов да го известам Вилијам Греј дека син му почина во Ирак“, објаснил маринецот и прашал: „Но, сепак, можете ли да ми кажете како се вика овој годподин?“
„Вилијам Греј“, низ солзи одговорила сестрата Под тешки седативи поради срцевиот удат, низ магла го видел униформираниот маж. Ја кренал раката, мажот гистиснал неговите онемоштени прсти. Тоа би



