Додека го читате овој текст немојте да се зачудите доколку ви надојдат солзи на очите. Тоа само значи дека сте човек и дека ги сакате своите родители.Ова писмо можеби е напишано до некоја конкретна личност, а можеби и не. Без оглед на тоа, тоа е напишано за сите нас кои ги сакаме своите родители и подготвени сме да им дадеме внимание кое го заслужуваат.
„Мил сине, јас се уште не сум стар, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш.
Доколку се извалкам за време на ручек, и доколку не можам сам да се облечам, биди трпелив. Сети се на часовите кои ги потрошив додека те научив на тоа.
И доколку во разговорот повторувам исти работи работи одново, немој да ме прекинуваш, сослушај ме! Кога беше мал, морав повторно да ти ја читам истата приказна додека потонеш во сон.
Доколку не сакам да се капам, не ме исмевај и не ме навредувај. Сети се како морав да те ловам и измислувам илјада изговори да те натерам да влезеш во када.
Кога ќе го видиш моето непознавање на новата технологија, дај ми време и немој да ме гледаш со потсмев. Јас тебе те научив на многу работи- правилно да јадеш, да се облечеш, да се соочиш со животот.
Доколку некогаш во разговор заборавам или ја заборавам што зборувам, дај ми малку време да се присетам и доколку не ми појде од рака, немој да се лутиш. Не ми е најважна работа на светот нашиот разговор, туку да бидам со тебе и да ме слушаш.
Доколку не сакам да јадамм немој да ме присилуваш. Сам знам најдобро кога храната ми е потребна, а кога не. Кога уморните нозе повеќе нема да ми овозможат да одам, пружи ми рака исто како што јас тебе ти пружав, кога ги правеше првите чекори.
И доколку ти кажам дека не сакам повеќе да живеам, дека сакам да умрам, не лути се на мене, еден ден ќе разбереш. Еден ден ќе стаиш дека покрај сите сторени грешки само ти го посакував најдоброто и дека сум се обидел да те подготвам за патувањето на животот.
Не тагувај, не лути се и не се чувствувај беспомошен кога ќе ме гледаш таков покрај себе. Биди покрај мене и обиди се да ме разбереш и да ми помогнеш како што јас ти помогнав тебе кога го почнуваше својот живот. Биди ми потпора, помогни ми да го завршам патувањето со љубов и со трпение. Ќе ти вратам со насмевка и неизмерна љубов, која секогаш ја чував за тебе.
Те сакам!“ Ова писмо можеби е напишано до некоја конкретна личност, а можеби и не. Без оглед на тоа, тоа е напишано за сите нас кои ги сакаме своите род



