На тежок начин научив многу…или се потсетив на тоа што веќе го знаев, вели Лилјана.„Тогаш живеев со сопругот и двата сина. Готвев, пеглав, чистев…како секоја добра сопруга и мајка. Одев на работа, пушев, пиев кафе, се грижев за семејството, родителите, јадев кога ќе стигнам, се нервирав поради големите војни во светот, и малите помеѓу луѓето, сиромаштијата, човечките глупости…“ вака ја започна својата приказна Лилјана (55).
Кога се ќе тргне наопаку
„А потоа една по друга почнаа да се случуваат непријатности. Во истиот месец ми почина татко ми, сопругот остана без работа, а внук ми мораше на операција. Сите некако беа навикнати јас да им давам поддршка и секогаш да имам решение за секој проблем…Па така и тогаш. Со болката се борев, плачејќи кога никој не ме гледа, ги будев во себе преостанатите зраци на оптимизам, му давав поддршка на сопругот, ги барав најдобрите лекари за операција на внукот…И така, животот оди понатаму. Но тогаш ги преценив моите можности, па ми стигна предупредување“.
Продолжен викенд
Се почна еден убав есенски ден, кога отидов со пријателките на продолжен викенд. Една од нив има куќа на Златара, па ние 4 решивме таму да поуживаме во природата и сонцето. После пријатниот пат, стигнавме до куќата. Се сместивме и отидовме во блискиот ресторан на ручек.
Чувствував како да не ми е добро, но таквата состојба ја поврзав со насобраниот стрес и замор што ги поминував претходните месеци. Имав благо чувство на гушење, но претпоставив дека тоа е од цигарите. Ми беше мака, но си реков дека тоа е поради патот. На ручекот каснав само неколку залчиња, бидејќи и понатаму ми беше мака. Но, на сите тие симптоми не обрнував внимание, бидејќи и претходно ми се појавувале и тоа не баш така ретко.
Драма во шумата
Се договоривме после ручекот да одиме на прошетка во шумата. Уморна бев но сепак се решив да одам со нив. Одиме по патеката на здравјето, низ недопрена природа, до видик од каде се гледа езеро од кое „застанува здивот“. Но, мене здивот ми застана и пред видикот – така подоцна се шегуваа моите пријателки. Шетавме низ шумата по убаво уредена патека. Јас се уште не се чувствував добро. Две пријателки помлади и побрзи, одеа пред нас, а со мене остана пријателката која е докторка. Седнав на еден голем камен во близина со намера да се одморам и да запалам една цигара, но почувствував дека не ми е баш најдобро. Ме облеа ладна пот, ми се заврте во главата, почувствував замор, видов ѕвездички. Болка во градите…се обидов да земам воздух длабоко, но не успеав. Паниката го зазеде своето место, повеќе не можев ниту да размислувам…видов црни кругови и ја изгубив свеста.
Инфаркт – еден по друг
Се разбудив и ја видов пријателката пред мене. Бев мокра, исповратена, чувствував замор. Таа разговараше на телефон, и ги убедуваше лекарите од Брза помош веднаш да дојдат бидејќи по нејзина процена сум доживеала инфаркт и дека е најважно да стигнеме до установа каде има коронарна единица. После нејзиното убедување и 45 минути изгубено време, стигна брзата помош и се упативме во правец на здравствената установа. Јас освен замор, болка во левата рака и мачнина не чувствував ништо друго. Потоа се јави остра болка во прстите, кратка воздишка и….во возилото добив уште еден инфаркт. Сега и лекарот од брзата помош беше убеден во зборовите на мојата пријателка. Донесоа одлука да ме пренесат до Општата болница во Прибиље бидејќи таму имале коронарна единица.
Спасен живот
Стигнавме во болницата и јас им се препуштив на лекарите, бидејќи конечно бев на сигурно. Стигнавме за час и половина после првиот инфаркт. Времето беше на моја страна. Ми беше направена брза дијагностика и ми беше дадена терапија. Му се јавија на мојот сопруг, кој стигна следното утро. Останав таму уште една недела (викендот максимално го продолжив), и благодарение на добрите одлуки на лекарите и брзата интервенција јас сум денес работоспособна личност. Благодарноста која ја чувствувам кон луѓето вработени во коронарнта единица во Прибоље е неизмерна. А искрено се надевам дека е така на сите места каде се спасуваат човечки животи.
Промена на навиките
„На тежок начин научив многу…или се потсетив на тоа што веќе го знаев. Се уште работам, се радувам на секој нов ден. Усвоив здрави стилови на живот. Јадам поголем процент на сурова храна (редовно), сега имам време за појадок, ручек, вечера. Ги оставив цигарите, пијам по едно кафе дневно. Редовно одам на контрола. Не се нервирам (или барем се трудам да најдам начин за да го надминам стресот).
Постојат само 10 проценти ситуации на кои можеме да влијаеме, а веројатноста дека ќе ги препознаеме е многу мала. Затоа, се што не можам да го променам, го погледнувам од друг агол и го прифаќам. Конечно имам време за себе, за на оние кои ги сакам „подолго да им траам“.
Според тоа, обрнете внимание на тоа што си го правите денес себе си, на своето тело, и не бидете сигурни дека лошите работи им се случуваат само на другите“, заклучува Лиле. „Тогаш живеев со сопругот и двата сина. Готвев, пеглав, чистев…како секоја добра сопруга и мајка. Одев на работа, пушев, пиев кафе, се гриж



