Жените од далечниот Исток, веќе одамна знаат кои се сите придобивки од консумирањето ориз за добро здравје и витка фигура. Сепак, оризот не е помалку моќен, ниту кога станува збор за нега на кожатаДали сте знаеле дека оризот се смета лековита козметичко средство од страна на жените, и со векови се користи за нега на кожата, а особено е ценет кај јапонските убавици?
Тој е богата со витамини од Б групата кои го стимулираат растот и регенерација на клетките, го забавуваат стареењето и ја подобруваат циркулацијата на крвта, а тоа е она што на жените им треба за блескав изглед на лицето.
Затоа контроверзните гејши, со цел одржување на беспрекорна кожа и да се спречи предвременото стареење, редовно користеле маска од ориз.
Станува збор за лековита маска изработена од бел ориз, мед и млеко, што длабоко ја хидрира кожата, содржи антиоксиданси и создава површинска заштита од ултравиолетовите зраци, која го спречува создавањето на депигментација.
По употребата на оваа маска, кожата станува мека и кадифена, и тен посветол и блескав. Еве како да ја направите оваа чудесена маска за лице.
Две до три супени лажици сиров ориз ставете во ладна вода и варете додека не омекне. Водата, која ќе остане подоцна ќе јаискористите, ќе јапроцедите и соберете во посебен сад.
На варениот ориз исплакнете го со млака вода и додадете една лажица топло млеко. Смесата мешајте ја додека не се изедначи, а потоадодадете една лажица мед.
Маската нанесете ја во подебел слој на исчистено лице и врат.
Оставете ја да дејствува половина час, а потоа (најдобро со влажна крпа) отстранете ја и измијте се со течностакоја ја тргнавте преетходно од варениот ориз.
Преостанатата течност можете да ја замрзнете во калапи за мраз и да ја користите како коцки мраз за масажа на лицето.Дали сте знаеле дека оризот се смета лековита козметичко средство од страна на жените, и со векови се користи за нега на кожата, а особено е ценет



