САМО ЕДНА непроспиена ноќ може да направи ХАОС во вашиот организам

Една непроспиена ноќ, еднакво влијае на возачката способност, слично како и зголеменото ниво на алкохол во крвта. Со какво било лишување од сонот, се намалува ефикасноста при работата, затоа што истото тоа допринесува за депресија и мрзеливост.Сите веќе знаеме дека стресот најмногу влијае на здравјето на луѓето. Стресот е одговор на организмот за секој вид на агресија, а една од нив е се помалку спиење во текот на ноќта. Со истражувања од експерти откриено е дека една непроспиена ноќ може да предизвика големи физиолошки промени за еден ден, а доколку останеме будни и покрај се поголемата поспаност, може да дојде до психолошки стрес.
Оние луѓе кој што не спијат во текот на ноќта, имаат поголемо количество на хормонот мелатонин, за разлика од оние кои што спијат во нормален временски период. Малатонинот има важна улога во регулацијата на сонот, а влијае и на расположението на луѓето“, вели психологот Невена Катиќ.
Нивото на кортизол, хормон поврзан со зголемениот стрес, исто така се зголемува кај поспаните луѓе. Зголеменото ниво на адреналинот, исто така е виновно за лошото расположение. Сигурно една непроспиена ноќ не може да предизвика вакво хормонско пореметување, кое значително ќе влијае на нашата здравствана состојба, но доколку доцното легнување или пак непроспиените ноќи ни станат навика, тогаш со сигурност здравјето ќе си го доведеме во опасност.
Ова говори зошто по непроспиената ноќ, ние сме скршени, уморни и рамнодушни, не само еден ден по непроспиената ноќ, туку и во наредните неколку дена. Доколку за ноќен одмор, по напорниот работен ден, на организмот му е потребно осум часа сон, тогаш за опоравување по една непроспиена ноќ, потребно е речиси двојно повеќе време. Исто така постои разлика помеѓу дневната дремка и ноќното спиење. Истражувањата во Центарот за проучување и нарушување на сонот во Минеаполис, зборуваат дека најдобриот ноќен сон може да го имате доколку си легнете не покасно од 23 часот. Дневниот одмор може да го донесе човекот во состојба слична на онаа на мамурлак.
Една непроспиена ноќ, еднакво влијае на возачката способност, слично како и зголеменото ниво на алкохол во крвта. Со какво било лишување од сонот, се намалува ефикасноста при работата, затоа што истото тоа допринесува за депресија и мрзеливост.Сите веќе знаеме дека стресот најмногу влијае на здравјето на луѓето. Стресот е одговор на организмот за секој вид на агресија, а една од нив е се

Пронајдете не на следниве мрежи: