Џејмс Хансен, поранешен физичар во НАСА и предавач на Универзитетот Колумбија, рекол дека неделава дошол до податоци кои се крајно вознемирувачки. Тој предупредува дека порастот на температурите од само два степени, ќе претставува огромна опасност за човештвото!Неговото истражување открива дека во наредните 50 години, висината на морето ќе порасне за 15 метри. Исто така, тој напоменува дека порастот на температурите од само еден степен, би можел да предизвика нивото на морињата да порасне за 5 до 10 метри.
Во наредниот период ќе се зголеми бројот на екстремни непогоди предизвикани од бури. Заедно со уште 16 други научници, Хансен работел на ова истражување и сите дошле до заеднички заклучок – ова е предупредување за човештвото!
Нивниот заклучок се темели на топењето на глечерите и ледените санти на Гренланд и Антарктикот. Тие напоменуваат дека со порастот на глобалните температури ќе дојде до побрзо топење, со што големи количества на ладна вода би се прошириле по светските мориња и би предизвикале промени во циркулирањето на водата.
Токму ова би довело до пораст на нивото на морињата, а луѓето не би можеле ништо да направат за да го спречат тоа.
„Нарушувањето во општеството и економските последици ќе бидат само едни во низата настани кои би можеле да се случат до крајнот на векот, а кревањето на нивото на морињата би можело да биде погубно“ – рекол Џејмс.Неговото истражување открива дека во наредните 50 години, висината на морето ќе порасне за 15 метри. Исто така, тој напоменува дека порастот на тем



