Водата со краставица поволно делува на нашето целокупно здравје.Оваа вода не само што го хидрира телото, туку и поубаво ќе се чувствувате откако ќе ја испиете. Благотворно делува на целокупното здравје бидејќи го намалува крвниот притисок, го регулира апетитот и го намалува ризикот од појава на рак.
1. Помага за хидриање
Кога ќе научите да ја препознаете својата потреба за вода ќе уживате во бенефициите кои таа ви ги дава. Телото ќе ви биде хидрирано, ќе ви ја одржува оптималната температура на телото, ќе имате повеќе енергија, ќе се ослободите од токсините.
2. Ви обезбедува дополнителни витамини и минерали
Водата е од витално значење за телото, но сама по себе не е голем извор на витамини. Kога во неа ќе додадете краставица обезбедувате минерали и витамини кои ќе ви помогнат да ги дополните во организмот покрај исхраната. Многу рецепти за вода со краставица содржат и овошје, така што на тој начин ќе добиете антиоксиданси и витамини, како витамин А и витамин Ц.
3. Намалете го крвниот притисок
Кога крвниот притисок ви е под контрола, таа ќе ви помогне да се заштитите од болести како што се мозочен удар, срцев удар, болести на бубрезите или губење на видот. Кога пиете вода со краставица ќе останете хидрирани и ќе го држите крвниот притисок под контрола.
4. Ќе ви се намали апетитот
Пиењето вода со краставица кога сте гладни може да ви помогне да издржите до следниот оброк. Консумирање храна кога не сте гладни всушност може да доведе до зголемување на телесната тежина. Меѓутоа понекогаш сте само жедни наместо гладни, бидејќи гладот и жедта користат исти сигнали. Поради тоа важно е да се напиете вода со краставица за да ги утврдите сигналите.
5. Ја смирува кожата
Тоа што сте хидрирани и помага на вашата кожа да остане еластична и нежна. Краставиците содржат силициум, кој обезбедува дополнителни погодности за кожата. Исто така можете да користите краставица откако ќе ја испиете водата со краставица. Таа помага да се смири иритација предизвикана од акни или други несовршености.
6. Им помага на вашите мускули
Истиот силициум во краставицата кој помага на вашата кожа, исто така им помага на ткивата на вашите мускули. Краставицата е одличен избор ако покрај тоа и вежбате и водите здрав начин на живот, или ако сакате да се уверите дека вашите мускули ги имаат сите хранливи материи кои се потребни за да функционираат во своето најдобро издание. Дневно чаша вода со краставица прави огромен придонес за здравјето на вашите мускули, и на вашето тело во целина.
7. Има антиоксидантно и детокс делување
Водата со краставица содржи антиоксиданси кои ќе помогнат на борбата со слободните радикали, а му помага и на телото да се ослободи од токсините благодарение на хидрадантниот ефект. Детокс на телото не мора да биде еднаш годишно, можете да му помогнете на вашето тело на дневно ниво, така што ќе консумирате здрави намирници. Ваквиот режим ќе направи да се чувствувате добро преку целата година.
8. Има анти-канцерогено делување
Ако користите краставица во секојдневната исхрана тоа ќе ви помогне да ги избркате болестите. Нормално таа не е доволна сама по себе за да се ослободите од ракот, но како дел од здравиот начин на живот и тоа како делува. Водата со краставица ќе ви даде шанса за долг и здрав живот. Оваа вода не само што го хидрира телото, туку и поубаво ќе се чувствувате откако ќе ја испиете. Благотворно делува на целокупното здравје бидејќи г



