Докторите сметаат дека тинејџерката, која при породувањето се заразила од ејзината мајка, можеби има некој вид природна отпорност на вирусот ХИВ кој се уште не е откриен.Млада Французинка (18) која се заразила со ХИВ преку својата мајка, можеби успеала да победи сериозна инфекција која доведува со СИДА, девојката веќе 12 години не зема антивирусни лекарства, а нивото на вирусот во нејзиното тело е прениска за да може да се измери.
Докторите сматаат дека тинејџерката можеби има некој вид природна отпорност на ХИВ кој се уште не е откриен.
Друга можност е раната терапија, која почнала да ја зема брзо по раѓањето, во период од шест години дала добри резулатати и дека успеала трајно да го ослободи вирусот во организмот, пишува Daly Mail.
„Ова е многу возбудлива приказна, но не сме сигурни дали ќе потрае, дали вирусот во телото на девојката и понатаму ќе биде на вака ниско ниво“, изјавил Франсоа Бери Синози, научник во Пастер Институтот.
Тој смета дека овој случај би можел да биде уште еден показател дека антивирусната терапија треба да се зема што е можно поранo за да се постигнат што подобри резултати во држење на ХИВ инфекцијата под контрола.
Ова не е прв пат некој да ја држи инфекцијата под контрола без лекарства, но секако е прв пат тоа да се случи на вака долг временски период.
На пример, пред неколку години девојка од САД не земала терапија полни 27 месеци, но потоа вирусот повторно се активирал.Млада Французинка (18) која се заразила со ХИВ преку својата мајка, можеби успеала да победи сериозна инфекција која доведува со СИДА, девојката ве



