Може да ви се пристори дека денот после бурна ноќ како да нема крај. Нервозни сте, дезиорентирани и се што сакате е да се вратите во кревет. Но, постојат неколку совети кои можат да ви помогнат да го преживеете денот после пијанка.„Првата работа која мораме да ја сториме наутро е да станеме веднаш штом ќе се огласи алармот за работа бидејќи тој продолжен сом не е квалитетен“, тврди др Рубин Најман, експерт за сон од Универзитетот во Аризона.
Кога ќе се разбудите важно е да појадувате во првиот час по будењето.
Но избегнувајте намирници кои се богати со шеќер доколку сакате да избегнете пад на концентрација во текот на денот. Најдобар избор се житарици од цело зрно и јајца.
„Шеќерот брзо ќе ви даде енергија, но таа исто така брзо и ќе исчезне. Протеините и здравите масти се најдобар избор“, тврди Најман. Доколку се одлучите за кафе, нека биде ограничено на една шолја.
Доколку внесете повеќе, тоа би значело дека многу брзо ќе ја пречекорите дозволената дневна количина кофеин која изнесува 400 милиграми, што ќе влијае на останатите работи кои морате да ги извршите во текот на денот.
Повеќето луѓе се чувствуваат малку дезориентирано по будењето, но тоа исчезнува само од себе без кафе за некои 20 до 30 минути- така да кафето би можело да ви биде од голема помош во текот на денот.
На пат за работа избегнувајте носење очила за сонце и гледајте да бидете изкожени на природна светлина.
Од дополнителна помош може да ви биде утринското трчање.
„Важно е да запомните дека нивото на енергија во поголемиот дел од денот зависи и од сонот кој сме го имале претходната ноќ. Тоа исто така зависи и од општото здравје и природните процеси кои го регулираат часовникот на нашиот мозок“, додава доктор Вајнман.
Најголемо внимание ќе имате во текот на првите неколку часа на работа, па затоа потрудте се за тоа време да ги завршите најтешките обврски.
Доколку посегнете по кафе како дополнителна помош, вашно е да знаете дека ќе ви бидат потребни 30 минути да почне да делува и никако не би требало да го пиете по 15 часот.
Кофеинот може да остане во телото и до 7 часа, а доколку пиете кафе доцна во текот на денот, тоа може да влијае на сонот.
Обидете се откако ќе ги завршите најтешките обврски во првите неколку часа, остатокот од работ ното време да го поминете средувајќи меилови и помалку важни работи и гледајте што порано да си одите дома за да имате време да размислите дали ви е потребна уште една бурна ноќ пред работа.„Првата работа која мораме да ја сториме наутро е да станеме веднаш штом ќе се огласи алармот за работа бидејќи тој продолжен сом не е квалит



