„Имав нешто во стомакот. Едноставно го чувствував тоа“: Лекарите мислеле дека е бремена, но откриле СТРАШНА ВИСТИНА!

Жена, на која стомакот ѝ нараснал и која трпела силни болки, земала седум тестови за бременост пред лекарите да откријат дека има тумор на јајниците. Луиз Брајант се исплашила кога лекарите откриле дека има тумор со големина на топка.
Оваа 25-годишна девојка имала обилно крварење во третиот месец минатата година и веќе направила тест за бременост кој покажал дека не е во блажена состојба.
По првиот, Луиз направила и втор тест за бременост кој исто така бил негативен, а таа била уверена дека нејзините симптоми, вклучувајќи го и отежнатото дишење, немаат врска со бременоста.
Таа направила уште пет други тестови за бременост, но лекарите сѐ уште не можеле да го откријат проблемот. Таа и понатаму била во потрага по одговори, а ултразвукот направен во мај минатата година, покажал дека има мала циста на десниот јајник. Само месец дена подоцна, било откриено дека „малечката“ циста е всушност тумор со големина на топка.

Лекарите во болницата во Кент, по четири часовната операција успеале да го остранат туморот со големина од 20 cm, како и десниот јајник и јајцевод. Биопсијата покажала дека нејзиниот тумор е незрел тератом – редок вид тумор на јајници. Понатамошните тестирања покажале дека операцијата била успешна, но дека Луиз мора редовно да оди на контроли бидејќи ракот би можел да се врати.
Операцијата не ја загрозила нејзината плодност, па таа и нејзиниот сопруг се надеваат дека еден ден ќе го прошират семејството.
„Нешто се наоѓаше во мојот стомак, но тоа не беше бебе туку тумор со големина на топка. Туморот создаваше притисок на белите дробови поради што тешко дишев. Кога ќе погледнам наназад, сите симптоми укажуваа на рак на јајници и драго ми е што бев упорна и побарав одговори од лекарите. Бев 110% сигурна дека не сум бремена, но 7 пати направив тест. Овој вид рак е многу редок и тоа е причината за неговото тешко откривање“, рекла таа.
Сѐ започнало со болки во стомак, а подоцнна се појавило и обилно крварење меѓу месечните циклуси. Тогаш се појавиле и болки во грб, почесто одење во ВЦ и губење на апетит.
Луиз се надева дека следниот тест за бременост ќе биде позитивен, а на жените им советува да бидат упорни доколку почувствуваат дека нешто не е во ред.Луиз Брајант се исплашила кога лекарите откриле дека има тумор со големина на топка.
Оваа 25-годишна девојка имала обилно крварење во трети

Пронајдете не на следниве мрежи: