Кај повеќето жени левата дојка е и до два броја поголема од десната, околу 60 проценти од жените имаат влакненца околу брадавиците, а не постојат прописни мерки ни облици на гради.Жените често се сомневаат во својот физички изглед и ги проучуваат работите „под лупа“. Така секоја втора жена барем еднаш во животот ќе се запраша дали нејзините гради се нормални, односно одскокнуваат ли од просекот по пропорции, облик или други детали.
Факти за градите
1.Кај повеќето жени градите немаат еднаква величина, а левата дојка најчесто е поголема од другата. Иако разлликата е едвај забележлива, величината може да варира до половина корпа.
2. Влакненцата околу брадавиците се сосема нормална појава, а поизразени се кај жени со полицистични јајници или некоја друга состојба која е поврзана со хормонална неравнотежа. Најдобро е да ги скратите со ножички доколку ви пречат, избегнувјте да ги корнете бидејќи лесно доаѓа до враснување на вланенца.
3. Големината на градите нема никаква врска со големината на брадавиците, но и едното и другото првенствено зависат од генетиката, а друг фактор е количината од вкупно масно ткиво во телото.
4. Градите не можат да се зголемат по природен пат, но вежбањето на градните мускули ќе има ефект на кревање, поради што тие можат да изгледаат поголеми.
5. Доколку од брадавиците излегува течност, ништо не е чудно ако сте бремени или неодамна сте се породиле. Во спротивно, би било добро да посетите доктор.
6. Бојата на брадавиците исто така зависи од жена до жена, па некои можат да имаат светловиолетови, а некои кафени. Бојата на брадавиците се менува во бременоста и кај доењето.
7. Стриите на градите се нормална појава настаната при нагло растење- во пубертет, во бременост или кај нагло здебелување. Со текот на времето стануваат се помалку видливи.
Жените често се сомневаат во својот физички изглед и ги проучуваат работите „под лупа“. Така секоја втора жена барем еднаш во животот ќ



