Жената, која ја одлежала казната поради убиството на нејзината другарка, открива како присуствувала на церемонијата после нејзиниот погреб за да не се посомневаат во неа.Карен Северсон, со сооучесничката Лаура Дојл, ја убила нејзината најдобра другарка Мишел Миси Авила и го сокрила нејзиното тело во реката во една шума.
Сега 47-годишната, во времето кога го извршила убиството имала 22 години и после толку години проговорила за дивјачкиот напад на својата другарка. Карен изјавила дека немала намера да ја убие Миси која ја познавала од својата седма година, но како што кажува таа, работите излегле надвор од контрола.
„Имав намера само да ја мачам. Гледајќи наназад сега, сфатив дека бев љубоморна на неа.“
Карен раскажала како се запознале додека биле на седумгодишна возраст:
„Миси беше излезена на улица и ја бараше својата мачка. Беше слатко девојче со долга констенлива коса и зелени очи. И помогнав да ја побара мачката. Штотуку се доселија во нашето маало и беше мојата нова комшика. Во тој период бевме многу слични, двете сакавме да си играме со кукли и да си играме надвор.“
Но, не било се така едноставно за Миси.
„На многумина им беше трн во око. Не знам зошто, најверојатно и беа љубоморни. Но јас секогаш ја бранев и бев до неа. Секогаш кажуваше дека и бев нејзин телохранител.“
Но кога наполниле 14 години, девојките се оддалечиле една од друга. Карен останала бремена и го напуштила училиштето за да може да се грижи за своето бебе.
„Некогаш ја бранев, но подоцна самата им се придружив на оние кои ја напаѓаа.“
Сооучесничката во убиството, Лаура Дојл, тврдела дека ја видела Миси како се бакнува со нејзиното момче, но се слушало и гласини дека Миси спиела со момчето на Карен.
Лаура договорила да се најде со Миси во националниот парк. Двете тргнале накај шумата до потокот. Веднаш потоа Карен им се придружила.
„Миси најверојатно мислеше дека се ќе биде како порано. Но Лаура полуде, на целиот глас викаше на неа. Бев фрустрирана и нервозна. За се што ја обвинивме, знаеше дека го сторила тоа и ниту еднаш не кажа извини. Ја турнав силно.“ – изјавила Карен.
Миси била мртва.
„Нејзината баба ме извести дека нејзиното тело било пронајдено. Планинарите го пронашле во потокот. Лежела со лицето надоле. Се чувствував лошо“ – изјавила Карен.
Телото на жртвата било пронајдено во националниот парк, три дена откако било пријавено нејзиното исчезнување. Нејзината коса била отсечена, а целото тело и било со модринки.
Карен и Лаура присуствувале на погребот и церемонијата изразувајќи им сочуство на нејзиното семејство.
„Чувствував дека имам обврска кон нејзиното семејство, но исто така сакав да знам до каде е истрагата. Сакав да знам кои се осомничените и дали имаат докази“ – изјавила Карен.
Карен и нејзината сооучесничка биле осудени за убиство од втор степен во 1990-та година. Осудени биле за најмалку 15 години затвор, а двете се пуштени во 2011-та година.
Карен сега држи говори во училиштата и се обидува да ги објасни последиците од таквото злоставување.
„Не сакам младите да го направат тоа што јас го направив. Сакам да го спречам насилството, пред тоа да се случи“ – изјавила Карен.Карен Северсон, со сооучесничката Лаура Дојл, ја убила нејзината најдобра другарка Мишел Миси Авила и го сокрила нејзиното тело во реката во една ш



