Ви претставуваме 4 природни борци против потење.Четири природни средства со кое потењето ќе го ставите под контрола
Потењето е природен обид на телото да ја симне неговата температура. И додека физичкиот напор како и престојот во топла просторија предизвикува зголемено потење, ситуациите како стресот и напнатост исто така можат да предизвикаат реакција.
Ви претставуваме 4 природни борци против потење.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е еднаш дневно со него да ги пребришете пазувите. Суво марамче, натопете го со мешавина на јаболков оцет и вода (2:1) и пребришете ја површината на телото на кое многу се потите. Тоа правете го секоја вечер пред спиење.
Сода бикарбона
Додајте прстофат сода бикарбона во малку вода или на влажни прсти и нанесете под пазувите. Истријте ја кожата, оставете да се исуши, па со сува хартиена марамица отстранете го остатокот од правот.
Црн чај
Танинот со кој е богат овој чај содржи киселина која делува како природен антипреспирант и со тоа влијае на жлездите и го намалува претераното потење. Сварете половина шолја вода, па во неа натопете го црниот чај.
Вреќичката извадете ја после минута, па ставете ја на тацна за да се разлади. Ставете ја вреќичката под пазувите или на подрачјето на телото каде потењето е зголемено, оставете да делува 5 минути па отстранете ги.
Лимон
Лимонот од дамнешни времиња се користи за контролирање на телесните мириси и против зголемено потење. Цитричната киселина ги убива бактериите и делува како природен дезодоранс, но после третирањето на кожата со лимон, би требало да избегнувате да се изложувате на сонце.
Лимонот пресечете го на пола и со половината истријте ги пазувите. Оставете да делува 15 до 30 минути па измијте ја кожата со ладна вода.Четири природни средства со кое потењето ќе го ставите под контрола
Потењето е природен обид на телото да ја симне неговата температура. И



