Потта е нормална појава кога ви е топло. Но, прекумерното потење може да биде и причина за грижа, предупредуваат експертите. Проблемот е во тоа што количината на потта се разликува од човек до човек и тешко е да се одреди која количина е „здрава“.Потењето може да биде показател за здравје, но тоа зависи од многу фактори. На пример, ако земете две личности со еднаква висина, пол и градба – едната личност може да лачи двојно поголемо количество пот од другата, пренесе Time.
„Една личност едноставно може да има повеќе потни жлезди од друга, така што е тешко да се одреди кое количество на пот е `здрава`“, објаснува д-р Крејг Крандал, професор по интерна медицина на Универзитетот Југозападен медицински центар на Тексас.
Но, сепак може да се воспостават некои граници. Јапонска студија од 2010 година, покажала дека луѓето коишто редовно вежбаат, се потат многу повеќе од луѓето кои ја немаат таа навика.
„Луѓето кои се во форма не само што повеќе се потат, туку и побрзо почнуваат да се потат“, рекол коавторот на студијата д-р Јошимицу Иону, од Меѓународниот универзитет во Осака.
Разликата во количината на пот помеѓу луѓето кои се во форма и оние кои не се, има врска со капацитетот за производство на топлинска енергија.
„Луѓето кои имаат подобра телесна подготвеност, можат да прават понапорни вежби при што се генерира повеќе енергија, што доведува до поинтензивно потење“, објаснил д-р Крандал.
Јапонска студија покажала дека мажите повеќе се потат отколку жените, а д-р Крандал објаснува дека тоа е така зашто мажите се поголеми, па за време на физичка активност ослободуваат повеќе топлинска енергија. Од иста причина, подебелите луѓе повеќе се потат од послабите.
Различни облици на потење
На количината на потење влијаат и климатските услови, па луѓето почесто ќе се потат кога е потопло, отколку кога е ладно.
„Телото се прилагодува на околината“, вели д-р Крандал.
Потта е комплицирана, но поголем дел од истражувањата покажале дека потењето при вежбање или од топлина, нема посебна врска со здравјето. Секако, постојат и други облици на потење.
Луѓето се потат кога се под стрес, но таа пот не се лачи од истите жлезди како при вежбање.
„Потните жлезди кои се чувствителни на емоциите, главно се наоѓаат на подрачјето на пазувите, дланките и стапалата“, вели д-р Крандал, додавајќи дека потта предизвикана од нервоза исто така не е индикатор за здравје.
Кога треба да се појави загриженост?
Состојбата што се вика хиперхидроза, обележува зголемено потење на целото тело или на некој одреден дел од телото. „Зголемено“ значи четири или пет пати поинтензивно потење отколку кај поголемиот дел од луѓето, објаснува дерматологот д-р Адам Фридман.
Причината за ова пореметување често е непозната, но може да го предизвика инфекција, болест, одредени лекарства или пореметувања во работата на ендокрините жлезди. Доколку забележите прекумерно потење, потребно е да посетите лекар.
Без оглед на тоа колку се потите, составот на потта не се разликува многу од човек до човек: потта ја сочинуваат вода, натриум хлорид и калиум.
И не, без оглед на тоа што сте го слушнале од своите детокс-гуруа, со потење не се прочистува организмот од отрови.
„Нема доказ за тоа дека штетните материи се лачат преку потта“, вели д-р Крандал. Потењето може да биде показател за здравје, но тоа зависи од многу фактори. На пример, ако земете две личности со еднаква висина, пол и градба &nda



