Роден сум во 1969 година во мирен дел на Белград. Моето детство веројатно би било како и секое друго, да не ме напуштила мојата мајка пред мојата втора година и заминала да работи во Италија.Подоцна роднините ми раскажааа дека тоа се случило буквално преку ноќ, само се спакувала и заминала, оставајќи само еден капут и ноќница. Се уште ги чувам. Ретко се јавуваше преку разгледница, по некогаш праќаше пакет со основни намирници како да сме социјални случаи. Се сретнавме неколку пати во изминатите 44 години од нејзиното заминување, имам и полубрат и полусестра, ги запознав, но ние сме едноставно странци, и тука приказната се завршува.
Татко ми беше се она како што би замислиле сообраќаен инженер од седумдесетите. Сериозен, замислен, одмерен поглед зад дебели стакла. Не се сеќавам дека облекол друга боја освен сите нијанси на кафена боја. Кристално јасно се сеќавам на денот кога ми соопшти дека ќе имаме подстанар. ‘Имаме вишок соба, а јас не можам сам да водам сметка за толкав стан’, рече и тоа беше тоа. Не беше важно што јас мислам за тоа.
Искрено, се плашев кој ќе дојде да живее со нас, дали некоја ученичка на занает, студентка, или некоја разведена? Што дколку ги доведе своите деца и тие ме избркааат? Ништо од тоа не се случило. Дојде човек, нешто постар од татко ми. Да живее во Белград и да предава ОТО (општотехничко образование). Ми рече дека децата од неговиот град го викале Уча, па можам и јас.
Можам да кажам дека тоа беа добри времиња. Поради природата на работата, татко ми често патуваше, а јас останував со Уча. Секое утро пред да оди на училиште правеше полјадок, помагаше околу математика и геометрија, а на лето ме водеше на риболов. Тој и татко ми играа шах со часови, и тоа беа ретки моменти да го видам безгрижен како дете.
На почетокот на осумдесетите го слушнав тој збор и што значи. И веднаш ми стана јасно. А знам дека и тие почувствуваа дека знам. Тука дојде до блага дистанца, како да им беше непријатно, но, и понатаму двајцата беа прекрасни кон мене. Кога за прв пат ме донесоа дома дрогиран, Уча беше тој кој ми објасни дека не се страшни последиците од дрогирањето колку еден пропаднат потенцијал. Тоа воедно беше и последен пат.
Деведесетите ги поминав преку океанот и се вратив пред бомбардирањето. Уча беше во пензија, додека татко ми поради нарушеното здравје повремено работеше за бирото. Починаа, прво татко ми па тој. Единственото сведоштво за нивната врска е разгледница која татко ми му ја пратил обраќајќи ми се со “Мој Ти“.
А како тоа влијаеше на мене? Еве ме жив, здрав и среќно оженет. На сопругата на почетокот на врската и кажав од какво СЕМЕЈСТВО доаѓам, и таа немаше никаков проблем со тоа. Ги одгледуваме нашите две деца онака како што нас не одгледуваа: со многу разбирање, внимание и едуцирање. Не сум пореметен, ниту ја мразам мајка ми- знам дека и таа знаеше, а во тоа време за неа единствено решение беше да замине далеку.
Ете, тоа е мојата приказна!Подоцна роднините ми раскажааа дека тоа се случило буквално преку ноќ, само се спакувала и заминала, оставајќи само еден капут и ноќница. Се уште г



