Главно се клонираат животни со висок генетски потенцијал, кои потоа служат за расплод. Никој нема да прати животно за расплод вредно 15.000 евра во касапница, освен ако не е пред умирање.Дури и во таков случај, во земјите во коишто се врши клонирање, како што се САД, Канада или Аргентина, компаниите кои се занимаваат со клонирање мора добро да внимаваат таквите животни да не завршат во редовната исхрана.
„Моментално во границите на Европската Унија не се врши клонирање на храна, а храната настаната од клонови која можеби преку увоз би дошла на пазарот, бара строга пазарна инспекција“, вели Камил Перин, виша службеничка за прехранбена политика на Европската организација на потрошувачи.
„Но, дозволен е увоз на репродуктивен материјал на клоновите, така што е можно европските потрошувачи и во целосно незнаење да изеле храна настаната од потомците на клонираните животни“, додала таа.
„Таквите производи не подлегнуваат на никакви посебни ограничувања, па дури и не треба посебно да се означат. Но, истражувањето на Европската Комисија покажало дека поголемиот број од Европејците се противат на клонирањето за прехранбени цели. Дури 83% од европските потрошувачи сакаат месото и млекото настанато од клоновите или нивните потомци да биде и означено на тој начин“.
Моментално во Брисел се разгледува Закон за клонирање. Европската Комија предложи забрана за клонирање и месни клонови, додека Европскиот Парламент оди чекор понатаму и сака да ја забрани и продажбата на храната настаната од потомците на клонираните животни.Дури и во таков случај, во земјите во коишто се врши клонирање, како што се САД, Канада или Аргентина, компаниите кои се занимаваат со клонирање мо


