За милиони девојчиња во Египет, претстојните летни денови не претставуваат никаква радост. Токму спротивното, почетокот на летото за нив е вовед во сезоната за сакатење на гениталиите, тн. женско обрежување. Мона Мохамед имала само десет години кога била обрежана.„Бев исплашена. Ми ги држеа рацете и нозете, а мајка ми и баба ми беа до мене“, рекла Мона, чии членови на семејството ја држеле цврсто за подот додека лекарот ѝ давал анестезија.
Се сеќава на моментот кога ѝ дале мастика пред да потоне во сон. Дури откако се разбудила, сфатила дека е осакатена.
Овие приказни не се реткост во Египет. Обрежувањето на девојчињата е своевиден обред за зрелост уште од времето на фараоните. Повеќе од 125 милиони жени и девојчиња се обрежани во светот. Околу 25% од нив живеат во Египет, што е најмногу од сите останати земји, пренесе CNN.
Поголемиот дел од девојчињата се обрежуваат на возраст од 9-12 години и тоа за време на летните празници, главно во нивните домови. Во Египет најчесто се изведува тип 1 обрежување, односно се отстранува дел или целиот клиторис. Мона имала среќа што обрежувањето го извел лекар, додека кај останатите девојки обрежувањето го изведуваат традиционални бабици со нестерилизирани жилети.
Обрежувањето на жените во Египет е забрането со закон во 2008 година, но праксата и понатаму се спроведува во традиционалните заедници во кои чинот се смета за „прочистување“ на жената и подготовка за брак.„Бев исплашена. Ми ги држеа рацете и нозете, а мајка ми и баба ми беа до мене“, рекла Мона, чии членови на семејството ја држеле цврсто



