Подолу споменати совети финкционираат и самостојно, но ако сакате побрзо да го решите проблемот со лошото расположение најдобро ќе биде да ги комбинирате.Поставете си ги овие прашања, за да разберете што всушност не финкционира:
Што ви пречи навистина?
Вознемирени сте и тажни, но не сте сигурни зошто? Размислете наназад неколку часови или пак денови. Враќајте си ги мислите назад, се додека не откриете што навистина го предизвиква вашето лошо расположение.
Избегнувам ли нешто?
Полесно е да се покаже со прст на нељубезната продавачка отколку на нељубезниот дечко. Ако едноставно никако не можете да дојдете до коренот на проблемот, запрашајте се дали постои нешто што ни самите не сакаате да си го признаете тоа. Можеби има некои проблеми кои се таложат со месеци? Дури и ако само си признаете кој е вашиот реален проблем, ќе почувствувате големо олеснување, уште и пред да почнете со негово решавање!
Фокусирајте се на вашето дишење.
Земете длабок здив и издишете 10 пати. Правилното дишење може повторно да ја врати рамнотежата на нервниот систем.
Направете графикон торта.
Нацртајте кружница и создадете парчиња и на нив напишете ги сите работи кои ве прават вознемирени. Така напишани и сервирани визуелно, проблемите ќе се разјаснат, а тоа ќе ви помогне да ги идентификувате проблемите полесно, а со тоа и да се ослободите од нив.
Најдете тивко место.
Најдобро ќе биде да си најдете место каде што ќе можете да го исклучите мозокот од сето она што го стимулира.
Отргнете си ги мислите.
Кога ќе го лоцирате проблемот, најдете нешто со што ќе се занимава вашиот ум. Отворете некој забавен веб-сајт, исперете ги алиштата, измијте ги садовите…
Тоа ќе ви помогне да се смирите. Додека сте на свесно ниво, се занимавате со нешто сосема друго, мозокот ќе ги процесира информациите и ќе биде во можност да донесе подобар договор, кога ќе се навратите на проблемот.Поставете си ги овие прашања, за да разберете што всушност не финкционира:
Што ви пречи навистина?
Вознемирени сте



