Кога пред 10 години Индонезија ја погоди ужасно цунами во кое животот го изгубија речиси 300 илјади луѓе, тогаш седум годишното момче Мартинус никогаш не сонувал дека еден ден ќе биде во можност да игра за Спортинг Лисабон и дека ќе биде пријател со Кристијано Роналдо.Всушност, ова е неверојатна приказна за дечко кој се вика Мартинус, кој поминал низ трнлив пат за да се успее. Сега, тој е фудбалер на Спортинг Лисабон и тоа успешен фудбалер исто како неговиот идол Кристијано Роналдо, кој му помагнал по ужасната несреќа. Како седум годишното момче Мартинус бил пронајден на плажа 21 ден по старашниот земјаотрес во Индонезија и цунамито подоцна. Момчето ја изгубило мајка си и двете сестри во несреќата, а во текот на тие 21 ден кои ги поминал на плажа, јадел храна која ќе ја најдел на плажа. На плажата го пронашле буквално прегладнет, и на него имал само облечен дрес од селекција на Португалија и тоа оној на Руи Коста.
Тогаш детето изјавило дека има голема желба да стане фудбалер и да игра за Спортинг. Кратко време по несреќата, тој се запознал со Роналдо, тогаш тој беше ѕвезда во подем во дресот на Манчестер Јунајтед, Роналдо несебично му купил куќата на Мартиниус во која тој израснал.
Меѓу нив се развило големо пријателство, и сега Мартиниус настапува во клубот каде што ја започнал својата кариера неговиот идол – Роналдо. Седумнаесет годишниот фудбалер ќе игра за У-19 селекцијата Спортинг.Всушност, ова е неверојатна приказна за дечко кој се вика Мартинус, кој поминал низ трнлив пат за да се успее. Сега, тој е фудбалер на Спортинг Лис



