Кога утрово се разбудивте, го сторивте тоа со потполно нов дел од телото, барем во очите на науката. Не можете да го видите ни допрете, но има клучна улога во разбирање на невролошките болести и имунитетот.Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија неодамна откриле долго криен систем на линфни жили, или „централен нервен систем на лимфни жили“, кои вршат дренажа на лимфите од мозокот во околните лимфни јазли.
Ова откритие ја потресе научната заедница. Тимот под водство на Антоинеј Лоувеау ги открил жилите откако Лоувеау развил метода на проучување на мозочните ќелии на глушец без оштетување на деликатното ткиво.
Кога сите други ткива во телото ќе се воспалат, молекулите завршуваат во локалните лимфни јазли каде имунолошките клетки се активираат и ја продолжуваат борбата.
„Се сметаше дека во мозокот таквиот систем не постои. Кога за прв пат ги видовме тие жили, потполно полудев“, вели Џонатан Кипнис, директор на центарот за имунологија на мозокот.
Длабоко сокриената локација на овие жили е причина зошто толку долго никој не можел да ги пронајде. Се наоѓааат во дуралните венски синуси, кои ја извлекуваат крвта од внатрешните и надворешните вратни жили. Во близина се на главните крвни жили, кои ги сокривале од погледот.
Кипнис предупредува дека, со оглед на тоа дека човечкиот мозок е далеку покомплексен од оној на глушецот, новооткриените жили ќе бидат штоподетално проучувани за во потполност да се разберат. Ова откритие ќе помогне во разбирање и поатамошно истражување на бројни пореметувања, вклучувајќи и мултиплекссклероза, Алцхајмерова болест и аутизам:
„Најважните работи допрва треба да се откриваат“Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија неодамна откриле долго криен систем на линфни жили, или „централен нервен с



