Прочитајте кои се намирниците од кои треба да се пазите, или внимателно да ги подготвувате, затоа што предизвикуваат тешко труење, дури може да имаат и фатални последици.1. Овошјето Ackee
Ackee е најпопуларното овошје во Јамајка. Ако планирате да се упатите кон оваа топла дестинација – немојте да посегнувате по нејзините плодови без прашање. Додека правилно не созрее, конзумирањето на ова овошје може да предизвика повраќање, кома па дури и смрт!
2. Корен од маниока
Коренот од маниока е одличен додаток за карипските јадења, но немојте со него да ракувате невнимателно. Ако овој корен термички не го обработите доволно, вашите гости би можеле да умрат од труење со цијанид.3. Фугу
Јапонската боцкава риба Фугу е вистински кулинарски деликатес во Азија, но таа бара внимателна подготовка. Нејзиното месо содржи тетродотоксин – отров кој предизвикува смртни последици, па куварите посебно се обучуваат за да го отстранат пред да им го послужат на гостите.
4. Отровни печурки
Во светот може да се најдат различни видови на печурки чиј состав предизвикува сè, од благо гадење до кобни последици по вашиот живот. Затоа мора многу да внимавате какви печурки приготвувате за јадење.
5. Африканска бик-жаба
Жабите се деликатес во целиот свет, но африканскиот подвид бик-жаба (Bullfrog) предизвикува оштетување на бубрезите ако термички не се обработи добро пред консумирањето.
6. Крвави школки
Овие школки се врвен деликатес во Кина, поточно во Шангај, но уживањето во нив може да ви пренесе хепатитис А и Е, па затоа се строго забранети од 1988-ма година. Но, благодарение на нелегалниот пазар и понатаму може да се вкусат на одредени локации. Наш совет е доколку ви ја понудат оваа крвава закуска – мудро да ја одбиете.
7. Базгини бобинки
Од овие бобинки се прават мармалади и сокови во дел од Европа и се додаваат во бројни комплицирани јадења. Додека се добро зготвени нема никаква опасност од нивната конзумација. Меѓутоа, конзумацијата на суровите плодови, предизвикува повраќање и гадење.
8. Вишни со семки
Молам? Па, јадете вишни цел живот и никогаш не ви било лошо? Опасноста демне во нивните – семки. Ако проголтате семка или две, нема да ви биде ништо. Но ако изедете поголема количина, би можеле да почувствувате мачнина или слабост.9. Листови од рабарбараГорчливите бело-црвени корени од ова заборавено овошје се одлични намирници за подготовка на необични јадења и зимници. Но, листовите од ова растение, треба дефинитивно да ги избегнувате затоа што предизвикуваат повраќање.10. Кикирики
Кикириките се еден од најраспространетите алергени во современиот свет и од нив стравуваат милиони луѓе ширум светот. Алергијата од кикирики опфаќа сè, од благ осип до анафилактички шок, односно престанок на дишењето.1. Овошјето Ackee



