– Заздравувањето после будењето е приказна за себе. Халуцинации, болки, повраќање, проблеми со дишењето. Благодарение на лекот, кој фирмата ми го овозможи, успеав да преживеам – раскажува М.С.Кога ми соопштија дека имам ебола, не верував дека ќе преживеам. Зачекорив во неповрат и не знам како победив, вака за српски Блиц ја започнува својата исповед Белграѓанецот М.С. (26) кој помагајќи им на заболените од ебола во Сиера Леоне и самиот се инфицирал со овој смртоносен вирус.
Неговата приказна почнала на 17-ти февруари 2015 година, не се чувствувал добро, бил изнемоштен и имал покачена температура. Во договор со лекарите направил тест за маларија кој бил позитивен, а два дена по отпочнување на терапијата му станало уште полошо. Не можел да јаде, да пие, се го болело…
Како што вели температурата му била 40 степени, имал силна главоболка, толку што мислел дека главата ќе му експлодира, а едвај можел да направи неколку чекори.
На малку работи се сеќава додека траело лекувањето, но тоа што му останало во сеќавање, биле расплаканите лица на колегите покриени со маски.
– Делот на кој се сеќавам е мојот роденден. На кратко ме пробудија за да ми испеат роденденска песна. Заздравувањето после будењето е приказна за себе. Халуцинации, болки, повраќање, проблеми со дишењето. Благодарение на лекот, кој фирмата ми го овозможи, успеав да преживеам – раскажува М.С.Кога ми соопштија дека имам ебола, не верував дека ќе преживеам. Зачекорив во неповрат и не знам како победив, вака за српски Блиц ја започнува сво



