Скоро сечија животна приказна содржи моменти на кои луѓето со жалење гледаат во минатото. Неостварени цели и соништа, а сѐ поради тоа што слушале туѓи мислења и сугестии. Животот е борба и победува оној што го следи внатрешниот глас и верува во себе. Доколку некогаш сте кренале раце од нешто, а ви треба мотивација да се вратите на вистинската патека, тогаш оваа приказна вреди да ја прочитате!Голема публика се собрала за да ја следи трката помеѓу група жаби коишто се натпреварувале во тоа која од нив прва ќе стигне на врвот од една кула.
Штом бил означен стартот, сите почнале да викаат:
„Многу ќе биде тешко!“
„Нема да стигнете до врвот!“
„Никој нема да победи. Многу е високо!“
Жабите почнале полека една по една да се откажуваат од трката. Но, некои сè уште цврсто оделе кон целта.
Толпата продолжила да вика:
„Премногу е тешко! Нема да успеете!“
Уште неколку жаби се откажале.
На крај останала само една жаба во трката до врвот на кулата. Публиката продолжила да ја обесхрабрува, но таа не се предавала.
На крај успеала да стигне до врвот и да победи на трката. Сите други жаби кои се тркале со неа и се откажале, сакале да дознаат што ја прави оваа жаба толку силна. Ја прашале, но таа не реагирала…
Жабата која победила била глува.Голема публика се собрала за да ја следи трката помеѓу група жаби коишто се натпреварувале во тоа која од нив прва ќе стигне на врвот од една кула.



