„Мојата приказна и не беше до толку неверојатна како во емисиите посветени на губењето килограми. Со години ги повторував истите грешки и не губев ниту еден килограм. Доколку сакате да ослабнете, прочитајте ја мојата приказна за да научите што не треба да правите“, вели Џени.Прескокнување на појадокот
Џени ги прескокнувала оброците и јадела само тогаш кога умирала од глад, па така всушност само ручала, пишува сајтот Popsugar.com.
„Ова и не беше толку паметно, зашто за ручек јадев многу повеќе отколку што е нормално. Прескокнувањето на оброците го забавува метаболизмот. Кога почнав да појадувам, килограмите почнаа да исчезнуваат“, раскажала таа.
Ништо освен јога
„Со години имав предрасуди и сметав дека јогата и трчањето не се за мене затоа што сум огромна. Една блиска пријателка ме наговори да почнам да одам со неа на јога. Прво не бев воодушевена, се плашев од коментари и ми беше незамисливо да облечам хеланки. Кога почнав да одам да тренирам, се почувствував многу подобро“, раскажала оваа жена.
Таа имала поддршка од сите вежбачи и никој не ѝ се потсмевал. Тие ѝ предложиле да почне со кардио вежби и почнала да трча по 15 минути неколку пати неделно. Килограмите почнале да се топат.
Бев кралица на јаглехидратите
„Крекери, леб, житарки, тестенини? Пријавете ме! Обожував јаглехидрати и ги јадев за секој оброк и ужина“, објаснува Џени.
Не јадела многу овошје и зеленчук.
Се осврнала наназад и сфатила што всушност јаде. Кога почнала да ја менува исхраната, забележала дека нејзиниот стомак се чувствува, но и изгледа подобро.
Многу добри работи
Почнала да купува храна од продавници за здрава исхрана. Се одрекла од колачи и сладоледи, но и од путерот од кикирики добивала килограми. Секако, кога сфатила дека количината која ја земала е огромна, работите почнале да се менуваат.
„Цели 5 години ми беа потребни за да изгубам 18 килограми, што е многу време. Сепак, не се откажував и секој пат учев од грешките. Кога почнав да водам грижа за калориите, се фокусирав на овошје и зеленчук, научив нешто за протеините, почнав со јога и трчање, а резултатите почнаа да се појавуваат. Станав инструктор по јога за да им помогнам на сите да го решат овој проблем“, објаснила Џени.Прескокнување на појадокот
Џени ги прескокнувала оброците и јадела само тогаш кога умирала од глад, па така всушност само



