Еден корисник на социјалната мрежа Редит објавил фотографија од честитка за 30-тиот роденден кој ја добил од својот татко. И тоа не би било ништо невообичаено доколку неговиот татко не починал пред 16 години!Инаку, корисникот под име ChrisBenRoy објавил фотографија која за помалку од 24 часа собрала повеќе од 4000 лајка и 2000 коментари и стана вистински хит на оваа социјална мрежа.
Тој објаснил дека неговиот татко починал во 1999 година по едногодишна борба со рак на белите дробови.
„По толку хемотерапии и лекарства, сфати дена не може така да живее и едноставно се препушти. Тоа го сфатив кога видов дека купил честитки за родендените за мене и брат ми за многу родендени однапред“, објаснил тој.
Вели дека слична честитка добил и за својот 13-ти, 20-ти и 25-ти родендени на денот кога го положил возачкиот испит. Честитките цело време ги чувала неговата мајка која му ги давала кога требало.
Во честитката за 30-тиот роденден татко му напишал дека е време да престане да вели „човече“ и да ја сврти капата за бејзбол. На крај напишал „те сака тато“.Инаку, корисникот под име ChrisBenRoy објавил фотографија која за помалку од 24 часа собрала повеќе од 4000 лајка и 2000 коментар



