Јулија Тарбат, нутриционистка и мотивационен тренер, одлучила во текот на 12 дена да јаде исклучиво само банани како би го прочистила целиот организам.Како што таа вели, бананите се самите по себе многу квалитетни, кои иако се калорични, содржат и фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму таа комбинација му дава чувство на ситост на организамот кој долго трае.
Прво што забележала било големо олеснување во стомакот но и “тивко” варење.
– Имав чувство дека воопшто немам стомак, бидејќи цревата многу мирно ми работеа. Исто така забележав дека сум многу поопуштена, немав чувство на стрес што беше многу релаксирачки. Бев попозитивна и покреативна – раскажува Јулија.
Според нејзините зборови, покрај бројните благодети, таа забележала дека е и многу повеќе сконцентрирана и дека има пооштар фокус.
– За прв пат во животот еден ден ми беше доволен за да ги завршам сите свои обврски. Не бев напната и можев да се фокусирам над секоја задача – вели Јулија која на која во овој експеримент и се придружил и нејзиниот сопруг Пол.
Пол и Јулија инаку се вегани, па оваа диета не им падна тешко, а бидејќи имаат и своја фарма на која одгледуваат овошје и зеленчук, е дополнително олеснување при приготвувањето на оброците.
Пред промената на режимот на исхрана, Јулија патела од зголемена шеќер во крвта, дигестивни проблеми, депресија, кандида и хормонски дисбаланс, а долго низ годините не можела да се оствари како мајка.
Откако ги направила овие радикални промени, како што таа вели, здравјето и се поправило, а родила и дете.
Меѓутоа, не сите лекари и нутрицинисти би се сложиле со оваков начин на исхрана. Иако пресните намирници (овошје и зеленчук) имаат помалку соли, а богати се со влакна, од друга страна, некои намирници доколку се конзумираат пресни може да бидат и контрапродуктивни.
Карфиол, прокељ и брокулите ја нарушуваат работата на штитната жлезда, па лицата кои имаат проблеми со оваа жлезда не би требало да ги конзумираат овие намирници. Исто така, лицата кои јадат исклучиво пресна храна се посклони на недостаток на витамин Б12, железо, цинк и калциум што доведува до анемија и затоа овој начин на исхрана не се препорачува на постари лица, трудници, на породени мајки и деца.
Во секој случај, пред да се одлучите на вакви радикални промени врзани со режимот на исхрана, добро информирајте се кај својот лекар и нутриционист и контрилирајте го вашето здравје.
Како што таа вели, бананите се самите по себе многу квалитетни, кои иако се калорични, содржат и фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму



