Веќе подолг период се чувствувате незадоволни и нерасположени? Дознајте кои видови на храна може да го променат тоа чувство кај вас.Портокали – Овие среќни овошки се богати со витамин Б6 и фолна киселина за кои е докажано дека недостасуваат кај оние кои страдаат од депресија. И како бонус, силната миризба и свежиот вкус ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Печурки – Кој би рекол дека печурките би можеле да бидат извор на скриена сончева светлина? Оваа вкусна храна е исполнета со витаминот Д кој се смета за витална состојка при подобрување на менталната и физичката добросостојба.
Темно чоколадо = среќа. Откриено е дека темното чоколадо има ист ефект врз вашето тело како и да земате медикаменти за подобрување на расположението.
Авокадо – Ова овошје е преполно со моносатурирани маснотии кои помагаат при намалување на крвниот притисок и им овозможува на рецепторите во мозокот да ја одржат сензитивноста на серотонинот, кој е одговорен за подобрување на расположението. Доволно е само половина авокадо на ден за значително подобрување на вашата општа среќа.
Лосос – Оваа риба е преполна со омега-3 која помага при заштита од наглите промени на расположението. Таа исто така ќе ви помогне и при подобрување на меморијата и фокусот.
Спанаќ – Тој изобилува со фолна киселина и витамин Б кои инстантно го подобруваат вашето расположение. Исто така спанаќот е богат и со антиоксиданси кои ги заштитуваат вашите мозочни клетки, а со тоа ја зголемуваат вашата енергија.
Леблебии – Тие се преполни со протеини, па токму затоа се одлична алтернатива на месото. Леблебиите исто така се и извор на витамин Б6, еден од Б витамините кој е клучен за когнитивниот развој. Тие исто така влијаат и врз нивото на мелатонин, кој го регулира вашиот внатрешен часовник.
Малини, јагоди и боровинки – Тие содржат антоцијанидини и антоцијанини кои се клучни состојки за намалување на стресот и депресијата. Овие овошки исто така содржат моќни антиоксиданси и се преполни со витамин Ц, кој е одговорен за здравјето на колагенот кој придонесува за сјајноста на вашата кожа и коса.Портокали – Овие среќни овошки се богати со витамин Б6 и фолна киселина за кои е докажано дека недостас



