Старечките флеки или пигментација се појавува во највидливите и најизложените делови на нашето тело, како што се нашето лице, грбот, вратот, градите, рамената, рацете … Тие се обично безопасни, но многумина од нас сакаат да се ослободат од нив, бидејќи тие прават нашата кожа да изгледа грдо.Изложувањето на сонце, стареењето, генетика и многу други фактори, како што се стрес, бременост, таблети за контрацепција, недостаток на витамини или слаба работа на црниот дроб се можни фактори кои придонесуваат за овој проблем.
Препорачливо е да ставате крема за сончање кога одите надвор, стресот држите го под контрола и бидете сигурни дека ги внесувате дневните потреби за витамини и минерали. Постојат многу креми и лосиони на пазарот, но многу од нив се полни со груби хемикалии кои може да направи повеќе штета отколку добро.
Еве 8 природни лекови кои на безбеден и природен начин ќе ви помогнат да се ослободите од нив.
1. Сок од лимон
Сокот од лимон помага и ја прави кожата убава и мека. Можете секој ден да пиете топла вода со лимон, но обидете се местото да го триете со чист сок од лимон и оставете ја да дејствува 20-30 минути потоа исплакнете со ладна вода. Ако имате чувствителна кожа, чистиот лимовов сок разредете го со вода или со мед.
Уште една опција е да помешате шеќер или морска сол со сок од лимон и така направите паста. Користете ја оваа паста како пилинг. Применувајте неколку пати неделно. Може да потрае еден или два месеци пред да забележите било какви резултати.
2. Рициново масло
Рициновото масло може да се користи ефикасно за да се намали пигментацијата и темните места. Нежно намачкајте од маслото на погодената област и оставете го да отстои неколку часа пред да го измиете. Повторувајте со ова два пати на ден.
3. Куркума
Индиските жени користат куркума како природен третман за убавина. Пастата од куркума инхибира меланин во кожата и одлично ги лекува темни дамки и пигментацијата.Потребно е : ¼ лажичка куркума прав со 2-3 лажици брашно од леблебија, ½ лажичка млеко, сок од лимон или краставица. Добро промешајте. Ако пастата е сеуште е течна, додадете повеќе брашно. Нанесете ја маската на лицето или други погодените области и оставете ја да делува 10 минути додека маската исуши на вашата кожа. Отстранете ја маската со млака вода во кружни движења. Користите еднаш или двапати неделно.
4. Алое Вера
Својата моќ за исцелување и одлично делува за намалување на пигментацијата и темните дамки предизвикани одпредолго изложување на сонце. Нежна масажа со чист алое гел на погодената област два пати на ден, а резултатите треба да бидат видливи во рок од еден месец.
5. Какао путер
Какао путерот делува како пилинг на кожата и ги отстранува флеки и дамките поради високото ниво на млечна киселина. Нанесете путер на погодената област и оставете да дејствува неколку минути па потоа исплакнете со вода. Додадете сок од лимон или сок од домати за подобри резултати. Повторете еднаш или двапати на ден.
6. Сандаловина
Сандаловината има подмладувачки својства и антисептички својства. Тоа помага да се намали хиперпигментација и темните дамки. Можете да го користите во прав или пак како есенцијално масло.
Направете паста со 2 лажици сандаловина во прав, 2 лажички тоник од роза, 1 лажичка глицерин и една лажичка сок од лимон. Нанесете ја пастата на погодената област и оставете да се исуши. Исплакнете со ладна вода. Применете ја оваа мешавина неколку пати неделно и дамките ќе бидат избледени.
Или, пак направете паста од 1 лажица масло сок од портокал, 1 лажичка сок од лимон, содржина од 2 капсули на витамин Е, 2 лажици сандаловина во прав. Нанесете на погодената област, оставете да делува 30 минути и исплакнете со ладна вода. Повторете неколку пати неделно.
7. Папаја
Втријте ја внатрешноста на папајата на вашата кожа и оставете да делува околу 15 минути. Повторувајте еднаш дневно и темните дамки ќе се намалат за неколку недели.
8. Јаболков оцет
Јаболковиот оцет содржи моќна киселина што може да ги отстрани мртвите клетки на кожата. Јаболковиот оцет внимателно посипете го на флеките и оставете го да делува околу 20-30 минути. Повторете еднаш или два пати на ден. Би требало да поминат околу 6 недели за да забележите подобрување. Важно е да користите органски оцет за максимални резултати.Изложувањето на сонце, стареењето, генетика и многу други фактори, како што се стрес, бременост, таблети за контрацепција, недостаток на витамини и



