Сексуалното изживување траеше од мојата шеста до деветта годинна, не можев повеќе да ја чувам страшната тајна, раскажа И.Б. (17) за својот татко М.Б. Морав орално да го задоволувам татко ми, се уште се сеќавам на одвратниот вкус на неговиот полов орган. Вака почнува исповедта на И.Б. (17) син на познат белградски бизнисмен, М.Б. (56).
Таткото монструм го силувал својот син од неговата шеста до деветта година, а злоставувањето дури и го фотографирал. Откако случајот стигнал до полицијата, М.Б. е уапсен и против него е покрената истрага. Во меѓувреме е пуштен да се брани од слобода.
Повеќегодишното малтретирање и злоставвање малолетникот го потиснал од памтењето, а целиот случај излегол на виделина кога седумнаесет годишникот во станот на татко му ги пронашол фотографиите на кои се гледа како орално го задоволува неговиот татко.
Злоставувал и други деца
– Живеам со мајка ми, а кај татко ми бев од март до јуни минатата година. Во неговиот стан, на полиците со книги, случајно ги пронајдов фотографиите на кои се гледа како татко ми ми го става неговиот полов орган во уста. Веднаш не се сетив на тие случувања, но потоа тие сеќавања почнаа да навираат. Се сетив на одвратниот вкус на неговиот полов орган и се сетив дека повраќав – раскажа И.Б. на сослушувањето.
Бизнисменот М.Б. е обвинет дека од 2003 до 2006-та година го злоставувал синот во станот на неговата мајка, со која живеел вонбрачно.
– Зедов 3 фотографии на кои сум и јас. Имаше и други фотографии, на кои и на други мали деца им го правел тоа што ми го правеше и на мене. Ми беше срам тие фотографии да и ги покажам на мајка ми, но во октомври се и раскажав. Не можев повеќе да ја чувам оваа страшна тајна – раскажа И.Б.
За сега не е утврдено кој го фотографирал сексуалното злоставување.
– Не го прашав татко ми за фотографиите и за тоа што ми го правел. Се отселив од кај него бидејќи од мене бараше да водам љубов со неговата девојка, што нормално одбив. Таа жена никогаш не сум ја ни видел – вели И.Б. и продолжи да раскажува…
Му ги подарил фотографиите
Каков монструм е М.Б. најмногу се докажало кога на својот сим му ги подарил сликите на кои се гледа како го злоставва додека во ресторант славеле по повод завршувањето на втора година од средно училиште.
– Бев со мајка ми на ручек на 1-ви август минатата година. Ми даде плик и мислев дека внатре има пари.Кога отидов дома и го отворив, ги видов фотографиите – вели И.Б.
Ми даде вијагра, се онесвестив
Малолетниот И.Б. три месеци спиел во гардеробер, на кревет 20 см пократок од него, додека таткото сам се валкал по целиот стан.
– Татко ми во април или мај ме водеше на натпревар. На себе носев црвена маица, а тој ме остави помеѓу навивачите на Партизан. Морав да се соблечам. Подоцна настинав и качив температура. Татко ми ми даде да испијам и 2 таблети. Од тие таблети добив ерекција и се онесвестив. Подоцна дознав дека тоа всушност било „вијагра“ – вели малолетникот. Гардероберот во кој спиев го делев со куќната помошничка, која во главно престојуваше во таа соба и пеглаше.
Му се заканувал на синот: Ако кажеш нешто ќе јадеш од контејнер
Злоставуваниот И.Б. во август минатата година го прекинал секој контакт со татко му, но тој продолжил да доаѓа пред училиштето и станот во кој живеел син му.
– Ми се закануваше телохранителот на татко ми. Возачот на татко ми во едно кино ми рече дека ќе живеам во Париз и ќе имам многу пари ако не дадам изјава, а дека во притвор ќе се хранам од контејнер. Татко ми доаѓаше пред зградата седум дена пред моето сослушување, ми викаше, шкрипеше со забите….Побегнав со такси – вели И.Б. и додаде дека целиот живот се плашел од татко му.Морав орално да го задоволувам татко ми, се уште се сеќавам на одвратниот вкус на неговиот полов орган. Вака почнува исповедта на И.Б. (17) син на



