Исповед на несреќна жена: „Свекорот со месеци ме силуваше, а тогаш го стигна ЗАСЛУЖЕНАТА КАЗНА!“

Влезе во мојата спална соба и легна покрај мене. Ме фати за двете раце и ме припи до неговото тело. Давав отпор колку што можев. „Што правиш Милан“, го прашав свекорот. Не одговараше на моите прашања и молби да престане, туку продолжи грубо да ме притиска…Во другата соба спиеше мојот осумгодишен син. Само една мисла ми поминуваше во глава: тој да не ја види оваа ужасна сцена.
Не знам колку време помина пред да се заврши агонијата. Ејакулираше во мене. Се чувствував бедно, понижено, без интегритет. Ја напушти собата на истиот начин на кој влезе – без глас.
Tоа беше пред седум години. Оттогаш, свекорот Милан ме има силувано дваесетина пати. Секогаш кога мојот сопруг Зоран ќе отпатуваше за Ирак каде што работеше како градежен инженер, знаев што ме чека. По првото силување не сакав да молчам. Сѐ му раскажав на сопругот, иако знаев дека има близок однос со татко му. Го молев да се преселиме од семејната куќа. Таа вечер беше пеколна. Свекорот се заколна дека не ме погледна. Во еден момент почна да плаче. Иако тврдеше дека ми верува, Зоран во еден момент рече:
„Неговиот збор против твојот“. Се повлеков, затворив во себе и им се посветив на синот и работата.
Ги чувствував погледите на свекорот уште од времето кога Зоран и јас почнавме да се забавуваме. Беше човек што сакаше да се перчи, а пред пензионирањето работеше во Службата за државна безбедност. Мислеше дека може да направи сѐ и дека е најпаметен. Никогаш не ми беше симпатичен. Стана поагресивен откако почина свекрвата и постојано се караше.

Следното заминување на Зоран означуваше почеток на кошмарот. Свекорот ме силуваше седум пати за три месеци и с стануваше погруб. Толку се осили, што почна и да ја крши вратата од собата кога се заклучував. Една вечер ми удри неколку шлаканици смеејќи ми се во лице. „Знаев дека сакаш грубо“, ми рече.
Ми се чинеше дека се најдов во безизлезна ситуација. Секој пат кога се враќав дома од работа, чувствував страв од она што би можело да ме чека. Морав да реагирам. Се спакував и со синот отидовме кај мојата најдобра пријателка. Сметав дека со Зоран ќе изнајмиме стан кога ќе се врати од Ирак. Сопругот не ми пружи поддршка.
Тој продолжи да живее со татко му кој во неколку наврати ме силуваше. И тука не беше крајот на моите маки. Кога поднесов тужба против свекорот, сфатив дека од тоа нема ништо. Можеби сѐ ќе беше поинаку ако по силувањето отидов во Ургентен центар за да добијам медицинска документација.
Во меѓувреме, иако сум свесна дека е грдо ова што го пишувам, но правам онака како што чувствувам, свекорот го стигна заслужена казна – доби мозочен удар по кој остана неподвижен.
Се обидувам да заборавам на пеколот. Затоа поднесов барање за развод. Зоран не беше изненаден. Со синот се обидувам да изградам нов свет во кој нема да има место за насилство и оставање на цедило.Во другата соба спиеше мојот осумгодишен син. Само една мисла ми поминуваше во глава: тој да не ја види оваа ужасна сцена.
Не знам колку вр

Пронајдете не на следниве мрежи: