Со шолја кафе во борба против мастите и ЦЕЛУЛИТОТ

Денес има многу лесно достапни креми против целулит за кои посегнуваме во борба против целулитот. Покрај се забораваме на природните рецепти кои ни се пред нос, а кои се многу порпистапни и во многу случаи поефикасни во таа борба. Експертите ни откриваат мали тајни за убавина.Напитокот кој скоро сите добро го познаваме, и кој ни претставува омилен утрински ритуал во отстранување на сонот и тоа како е делотворен во истата намера но за будење на циркулацијата која е клучна во борба против целулитот.
Познато е дека целулитот настанува поради недостатокот на крвоток во критичните делови на телото предизвикан од недоволното движење и претераното седење.
Токму поради тоа добро ни доаѓа шолјичка кафе во грубо мелена текстура, не напиток, благодарение на кофеинот кој има стимулативно и диуретско влијание и го подобрува токму протокот на крв на површината на кожата.
Со редовно вежбање и умен избор на намирници кои го подобруваат исфрлањето на вода од телото тргнете во инвазија на неугледните дупчиња со домашен третман против целулитот.

 
Состојки:
шолјичка мелено кафе
половина шолјичка кафен шеќер
маслиново масло

Подготовка
На критичните зони нанесете маслиново масло и втријте го нежно во кожата.
Меленото кафе и шеќерот измешајте ги во поширок сад. Сувата смеса нанесете ја на критичните делови и масирајте со кружни движења околу 5 до 7 минути.
Совет: Третманот е најдобро да го направите по туширање кога кожата е омекната. Напитокот кој скоро сите добро го познаваме, и кој ни претставува омилен утрински ритуал во отстранување на сонот и тоа како е делотворен во истата

Пронајдете не на следниве мрежи: