Оние кои се борат со вишокот килограми знаат дека губењето на килограмите е долг и тежок процес и воопшто не е невообичаено да се откажат.Скоро сите трагаат по брз и лесен начин на исхрана со кој ќе го добијат посакуваниот резултат веднаш. Сепак, некои од популарните начини на исхрана можат да ви предизвикаат здравствени проблеми, и нема да ви помогнат да ја исполните целта.
Овие се најлошите диети:
1) Руска диета
Ако ви се каже дека оваа диета препорачува јадење на 400 грама леб и 100 грама вотка дневно, тогаш тоа ќе биде јасно дека треба да ја избегнувате. Оваа диета е, всушност, е инспирирана од начинот на кој руските војници се хранеле во текот на втората светска војна. Јасно е дека оваа диета не е само што не е здрава, туку е и опасна, бидејќи ќе бидете изгладнети.
2) Диета со црви
Оваа е диета која минатата година беше меѓу најпопуларните методи за губење на тежината во Америка. Со оваа диета се јаде сè. Но неопходно да земате капсули кои ја содржат главата или јајца од тенијата. Тоа ќе ги уништи сите вишок калории но и хранливите материи од храната, и телото ќе слабее, бидејќи тоа не ги добива потребните хранливи материи. Меѓутоа, овој метод на губење на тежината е многу опасен, бидејќи паразитите кои влегуваат во организмот, можат да предизвикаат сериозни болки во стомакот.
3) Диета со цигари
Прилично е јасно зошто оваа диета не е добар избор. И покрај тоа што цигарите го намалуваат апетитот, а со тоа ќе допридонесете за губење на килограмите, но тие не се единственото нешто што можете да го изгубите со оваа диета. Ќе ја изгубите тежината на белите дробови, ќе си ги оштетите забите, па дури и ќе си го загрозите животот. Оваа диета, инаку е формирана како кампања од добро познат производител на цигари во 1925 година, и ова е уште една причина за да ја избегнете.
4) Flecerizing диета
Оваа диета е создадена во почетокот на 19 век, кога Horast Flecer рекол дека за правилно варење на храната и губење на тежината, храната потребно е да се џвака најмалку 100 пати пред голтањето. Иако е добра идејата да се џвака храна повеќе од вообичаено, но тоа нема да има никаков ефект врз губењето на тежината. Со тоа само ќе си губите време, бидејќи оброците ќе ви траат многу долго.
5) Диета со храна за бебиња
За оваа диета веројатно сте слушнале благодарение на Gwyneth Paltrow. Нејзиниот фитнес гуру Tracy Andersen измислила диета со храна за бебиња, која препорачува јадење каша за бебиња наместо два нормални оброци во ден. Оваа диета треба да се избегне бидејки првенствено се должи на бројот на внесени калории. Бројот на препорачани калории во оваа диета е само 600, што е доволно за бебе во првите неколку месеци од животот, но не и за возрасни луѓе кои трошат многу повеќе енергија во текот на денот.
6) Диета со зелка
Тука станува збор за диета во која за појадок, ручек и вечера, се јаде супа од зелка. Веројатно многу од вашите пријатели се обиделе оваа диета. Тоа е исхрана која е многу ригорозна, и лесно може да ви го уништи здравјето затоа што телото останува без многу хранливи и важни состојки. Кога оваа диета ќе заврши и ќе почнете да јадете нормално, килограмите ќе ви се вратат со брзината на светлината.Скоро сите трагаат по брз и лесен начин на исхрана со кој ќе го добијат посакуваниот резултат веднаш. Сепак, некои од популарните начини на исхрана



