Судбината се чита од десната дланка, а на левата само се потврдуваат сомнежите. Колку ќе трае бракот открива брачната линија…Има четири основни линии- на срцето, на главата, животот и судбината.
Ако сакате да одредите кога нешто од прилика ќе ви се случи поделете ги линиите на седум декади. На сликата life line – живот, heart line – срце, fate line – судбина, head line – глава, gridle of Venus – брегот на Венера.
На дланката се гледа скршеното срце
Кога линијата на срцето завршува под показалецот тогаш личноста е идеалист и голем романтичар. Кога завршува меѓу показалецот и средниот прст, личноста не е партнер со големи потреби, мила е и искрена, а ако завршува под средниот прст полна е со љубов, но не ја искажува. Паузите и прекинувањата на оваа линија упатуваат на скршено срце.
Сакате ли флерт?
Најважна во љубовра е линијата на срцето. Мали линии кои се разгрануваат од оваа линија нагоре покажуваат дека сте склони кон флерт, а ако се разгрануваат надоле дека сте личност која е емотивно повредена и не е љубител на флерт.
Знак на различни чувства
Брегот на Венера се наоѓа во подножјето на палецот. Се смета за најголем знак на сексуалност, љубомора и емотивни врска. Ако овој брег е испакнат и нагласен личноста е склона кон уживање, убава е и витална и со нагласени емоции.
Какво ви е либидото?
Тоа може да го видите од одалеченоста на палецот со показалецот. Кога ќе ја отворите дланката помеѓу овие прсти се прави агол. Ако одност е под прав агол тогаш сексуалната активност е добра и успешно ги задоволувате потребите на партнерот но ако е распонот мал можни се тешкотии.
Депресивни луѓе
Слабо изразената линија на срцето упатува на емоционална нестабилност и проблеми во комуникацијата со другите луѓе. А пак темни дамки на линијата на срцето укажуваат на депресивни луѓе.
Прстите многу зборуваат
Дебели прсти имаат луѓето кои се страствени, а слаби оние кои имаат слаба сексуална заинтересираност.
Љубовни врски
Срцевата линија упатува на многу врски. Што е подебела тоа личноста е сексуално привлечна и има големи сексуални желби. А кога оваа линија е високо на дланката личноста е паметна.
Нема линија нема ни брак!
Линијата на бракот се наоѓа под малиот прст. Многу е кратка. Една линија означува еден брак, а кога се разгранува значи повеќе бракови. Оваа линија покажува и кога некој ќе стапи во брак и колку деца ќе има. Ако нема линија нема ни бракИма четири основни линии- на срцето, на главата, животот и судбината.
Ако сакате да одредите кога нешто од прилика ќе ви се случи поделете



